Кое дете не сака да заспие додека слуша волшебна приказна? Не само што е забавно туку и слушањето приказни за добра ноќ на децата им помага да ги развијат писменоста, вокабуларот и имагинацијата на децата. Но, дали родителите сакаат да го прават тоа исто колку што сакаат децата? За жал, не сите.

Доколку сте една од личностите на кои им е досадно да им читаат на своите деца секоја вечер, постојат луѓе што ќе ви помогнат во тоа. Благодарение на специјалниот проект на Фондацијата за глобално вселенско образование наречен „Приказни од вселената“, астронаутите им читаат популарни книги на децата.

Проектот е создаден од Патриша Трајб, едукатор и поранешна директорка за образование на вселенскиот центар „Хјустон“, заедно со астронаутот Бенџамин Алвин Дру Џуниор.

Фото: Storytimefromspace

 

Целата иницијатива функционира на едноставен начин: книгите се доставуваат до Меѓународната вселенска станица каде што астронаутите работат на различни мисии, а потоа се снимаат себеси како читаат книги. Видеото е достапно на веб-страницата на иницијативата и на нивниот јутјуб-канал.

Проектот заживеа откако Трајб направила неколку истражувања за писменоста и вештините за наука во САД. Таа сфатила дека е неопходно да се подобрат и двете вештини кај децата, па одлучи да создаде нешто што ќе ги комбинира и науката и читањето.

– Кој би бил најдобар пример и идол за децата за наука и читање ако не астронаутите? Не само што ги слушаат и гледаат книгите туку имаат и можност да ѕирнат во Меѓународната вселенска станица – вели Трајб.

Извор



912

X