„Болница Хенри Форд“ е можеби најпознатата слика на Фрида Кало, која ја покажува нејзината болка поради 4 абортуси.

Додека лежи на креветот во локва крв, Фрида во раката држи шест предмети: карлицата и ‘рбетот, бебе во фетална положба, полжав кој е симбол на бавно закрепнување од абортус, метална направа во долниот лев агол што тогаш се користела за изведување абортус и пурпурен цвет како симбол на сексуалноста. Фрида имала кревко тело – по сообраќајната несреќа имала 32 операции (а пред тоа имала детска парализа).

Така Фрида почнала да слика. По несреќата, целото тело, освен нејзините раце, ѝ било во гипс, па родителите ѝ купиле четка и платно за да се занимава со нешто.

Фрида почина на 47-годишна возраст, а последната пишана реченица од нејзиниот дневник гласи: – Се надевам дека заминувањето ќе биде радосно и дека никогаш повеќе нема да се вратам.

Извор



912

X