Студените зимски денови секогаш нè потсетуваат на новогодишните и божиќните празници. Свечена атмосфера, драги луѓе, топлина на домот и елка што гордо го покажува својот украсен костим што сте ѝ го наметнале за Нова година. Сите им се радуваме на декорациите на новогодишното дрво, но дали некогаш сте се запрашале кога е украсена првата елка на светот?
Според легендите што се прераскажуваат во Летонија, особено за време на зимските вечери околу Божиќ и Нова година, првото новогодишно дрвце што добило свои украси и било изложено во јавност на плоштад помеѓу 15 и 16 век е елката во градот Рига.
Покрај јужната страна на плоштадот, веднаш до куќата на Братството на црните глави (професионални трговци познати по прославувањето на празниците), има благо поткренат камен, како купола, кој е вграден во калдрмата на улицата. Токму тоа место се смета за првото место на кое на жителите им е прикажана првата украсена елка.
Елката ја поставило Братството на црните глави, а ја украсиле со хартиени цвеќиња, ленти во различни бои, сушено овошје и празникот го одбележувале со весела игра и танц.
По овие прослави, трговците го запалиле своето божиќно дрвце зашто сметале дека сето тоа е дел од прославата на празникот.
И ден-денес новогодишната елка се поставува на плоштадот во Рига, покрај црквата, на истото место на кое е поставена нејзината роднина пред речиси 5.000 години. Елката е украсена со многу светилки и преубави украси, а жителите на градот и туристите од целиот свет уживаат во раскошот на елката и во местото каде што се родило првото новогодишно и божиќно дрвце.