Благодарение на добрите луѓе во една продавница, двегодишно доби можност да оди и да се движи како и неговите врсници.

Приказната е за дете што има моторички нарушувања кои влијаат врз одењето, а притоа неговото осигурување не може да ги покрие најосновните потреби за да му се олесни движењето.

Родителите Крстијан и Џастин Мур ја доживеале оваа ситуација кога со својот син отишле во болница.
Малиот Логан има хипотонија, синдром кој влијае врз тонусот на мускулите и го принудува на сериозна борба за да ја одржи стабилноста.
Физиотерапевтите му предложиле на момчето одалка која би му помогнала да се движи. Но, неговото осигурување не го покривало тоа помагало, па родителите почнале да размислуваат за тоа што е најдобра, а сепак најбрза опција.

Тогаш добиле идеја од „Јутјуб“ – сами да направат одалка од ПВЦ-цевки.
– Најдов снимка на која сето тоа изгледаше многу едноставно – вели Кристијан.
Отишла во продавница да ги купи сите потребни делови, и на нејзино изненадување, помош ѝ понудил менаџерот на продавницата. Сите вработени се вклучиле во изборот на најдобриот материјал.

Изненадувањето било поголемо кога работниците им предложиле на родителите да одат на сладолед, додека тие сами, бесплатно, ја направиле одалката каква што ја испланирале.

Кога се вратија, одалката беше готова, а на неа беше напишано името на Логан.
– Не верувавме дека се подготвени да направат такво нешто. Не можев, а да не заплачам зашто знам колку е тежок овој пат за мојот син. Сето она што е наједноставно за неговите врсници, тој многу тешко го преживува – рекла мајката.

Џеф Андерсон, еден од работниците, ја раскажал својата страна на приказната: „Сите плачеа кога го видоа Логан како оди наоколу со голема насмевка на лицето. Фала Богу што можевме да помогнеме“.

– Има толку многу деца со хипотонија, многу повеќе отколку што мислиме. Благодарна сум што можам да ја споделам приказната за прекрасните луѓе што секогаш се спремни да помогнат – додала Кристен.



912

X