Почетокот на животот на Алба бил прилично суров. Мајка ѝ не сакала да ја задржи откако видела дека била родена со посебна медицинска состојба. И ова било само едно од низата одбивања. Во Италија многу семејства сакаат да посвојат деца, но мал дел од нив сакаат да посвојат деца со попреченост.

Кога Алба имала само 13 дена, 20 потенцијални семејства веќе рекле „не“ за нејзино посвојување, но потоа се појави вистинската личност. Оттогаш животот на двајцата им се променил засекогаш.

Лука Трапанес отсекогаш сакал да стане татко. Но, законот во Италија бил многу конзервативен и до 2017 година посвојувањето за самохраните родители не било опција. Дури и кога станало легално, не било лесно.

Фото: rapaluca / instagram

Уште кога Лука одлучил да посвои дете, тој знаел дека сака да се грижи за некој со тешка болест, сериозен инвалидитет или проблеми во однесувањето. Кога бил тинејџер, на неговиот најдобар пријател му бил дијагностициран рак и Лука останал со него до самиот крај. Тој ги доживеал болката, очајот и стравот и знаел дека сака да го помине животот помагајќи им на оние на кои им е потребна помош.

Фото: rapaluca / instagram

Лука долго време е волонтер во локалната црква и им помага на луѓето со критични болести и хендикеп. Кога добил можност да посвои дете со Даунов синдром, тој воопшто не се плашел и знаел дека е подготвен и дека може да се грижи за дете со поопреченост.

Фото: rapaluca / instagram

Кога го добил телефонскиот повик, веднаш заминал во болница. Таму го запознал девојчето и веднаш почувствувал посебна врска што може да ја имаат само родителот и детето.

Сега Алба има 18 месеци и изгледа среќна и сакана, а истото важи и за нејзиниот татко. Се чини дека и двајцата си беа потребни еден на друг. Денес Алба има прекрасно семејство, пријатели, чичковци, баби и дедовци и татко што неизмерно ја сака.

Извор



912

X