Игротека

Приказна на трудница на која никој не ѝ отстапил место во автобус

Твитер-пост на трудница која му седнала на еден човек на раката зашто не сакал да ѝ отстапи место во автобус го сподели цел свет.

Да им се отстапи место во автобус на трудници, постари лица и родители со мали деца е едно од основните правила на убавото однесување.
Но, дека не се однесуваат сите така како што наложува бонтонот, докажа маж на кој наишла една трудница во Лондон.

Додека се возела со градски превоз, тој одбил да ја помести својата торба за таа да седне, иако во тој момент била во осмиот месец од бременоста.
– Тоа конечно се случи во осмиот месец од мојата бременост. Тукушто седнав на раката на еден човек и на неговата торба зашто не сакаше да ја тргне од последното слободно место во автобусот. Сега се возиме во тишина – напишала на „Твитер“ и предизвикала одушевување од корисниците на оваа друштвена мрежа.
– Ме интересира како е да се живее на некое место каде што во јавниот превоз не владее „Игра на гладот“ – додала жената.

Нејзината објава ја поддржале многу мајки и трудници и почнале да ги раскажуваат своите искуства:
– Кога бев трудна во осми месец, му реков на еден маж дека ќе се породам на неговите стапала ако не ми го отстапи местото, па потоа стана.

– Кога бев трудна во четврти месец, прашав еден господин дали може да седнам бидејќи ми се слоши. Ми одговори дека сме барале рамноправност, па можеме да стоиме. Повратив врз него, неговиот весник и врз неговата торба за лаптоп. Шокот на неговото лице ми помогна да се чувствувам подобро.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top