Колин Темпл е мајка на три деца која има среќен семеен живот, но понекогаш копнее по стариот живот и дружењето. Баш поради ова, одлучила да им напише писмо на своите пријателки.

Имаше фотографии на социјалните профили на пријателките од концерти на кои не бев повикана или од вечери за кои не добив покана. Пропуштав музички фестивали и момински вечери. Но, не грижете се – дома имав сопствена забава. Тажна забава на самосожалување на која беше повикан само мојот сопруг.
„Знам дека веројатно нема да можев да дојдам. Но би сакала да бидам поканета“, му го кажав тоа неколку пати. И тој тоа го почувствува уште во раниот татковски период. Првпат станавме родители кога имавме 27 години, а многу наши пријатели беа во сосема друга фаза од животот (не размислуваа за деца). Поканите почнаа да се намалуваат. Спомените се правеа без нас. Не се чувствувам добро, но разбирам.

Задолжена сум за валканите пелени и големите чувства на малите луѓе

Јас сум единствена мајка во кругот на моите пријателки. Имам три деца – сите се мали. Бев бремена или дома, се грижев за новороденче или се справував со мало бебе, или со болни деца кои имаат потреба од мене веќе пет години. Договорот со мене изгледа како да водам моќно владино министерство. Но, навистина, тоа е затоа што сум задолжена за валканите пелени и за големите чувства на малите луѓе. И за предучилишни обврски и лекарски прегледи и чистење на играчките, пишување есеи додека децата спијат и подготвување 200 оброци дневно. (Не, не сум готвачка. Јас сум мајка на речиси петгодишно, тригодишно и 15-месечно дете). Но јас ова не го зборувам за сочувство. Ова е животот што јас го одбрав. Животот што го сакам. Животот за кој јас и мојот сопруг сонувавме. Ова го велам поради поканите. Сакам да бидам вклучена. Но, не сакам покани бидејќи ме сожалувате. Сакам да ме викнете мене. Бидејќи јас сè уште сум јас, без оглед на мајчинството.

Сè уште сум подготвена за авантура

Јас сè уште сум девојката што сака да се сеќава на глупавите работи што ги правевме на колеџ. Сè уште сакам да гледам филмови и да си ги средувам ноктите, сакам одвреме-навреме да земам пауза од дома. Мислам, минатата недела бев будна цела ноќ бидејќи никое од моите деца не сакаше да спие – можам да преживеам со неколку часа спиење. Затоа постои кофеинот! Сè уште сум смешна, друштво, иако понекогаш во моите шеги вклучувам и мајчино млеко или бебешки измет. И сè уште сум релевантна – гледам по „Инстаграм“ за да дознам вести за познатите личности. Сè уште сум подготвена за авантура – менувам пелени на случаен паркинг со само две влажни марамици и панталони кои не се доволно големи за таа личност. Играм на сè!

Ве молам бидете трпеливи со мене

Значи, ако треба да чекате да го заспијам бебето или да го причекам мојот сопруг да се врати дома за да ги преземе децата – ве молам бидете трпеливи со мене. Ако ја прочитате мојата порака која вели: „Ух! Не можам вечерва, сите повраќаат“, ве молам и понатаму праќајте ми покани. И ако кажам: „Извинете, не можам вечерва“ и тоа ви го кажав веќе пет пати немојте да мислете дека не сакав да дојдам. Многу сакав да дојдам. Но должноста ме вика. Во оваа фаза од животот сум му потребна на моето семејство и тоа е во ред. Горда сум на својата улога на мајка и сопруга. Листовите со задачи и спиењето со моите деца го прават мојот живот овие денови. Но, секогаш ќе има место за вас. Затоа, девојко, испрати ми покана. Ќе се обидам и ќе направам сè за да дојдам. Но ако не можам да дојдам, знај дека духовно секогаш ќе бидам со тебе.



912

X