Петдневната работна недела е толку врежана во американската култура, што дури е тешко да се замисли поинаков начин. Но, мора ли да биде така? Зошто не може да се работи 4 дена во неделата?

Во ек на пандемија, додека вработените на различни начини менаџираат со обврските, некои компании воведуваат работна недела од 4 дена, на пример, „Кикстартер“. Има и непрофитна организација со наслов „4 дена во неделата глобал“, која обезбедува платформа за луѓето што размислуваат слично и се заинтересирани да ја поддржат идејата за работна недела од 4 дена, како дел од идниот начин на работа. Организацијата барала од компаниите да потпишат 6-месечен пробен период од 4 работни дена во 2022 година.

„Има многу делови од работната недела што се само губење на времето“, изјавил Бенкс Бенитез, коосновач и извршен директор на компанијата „Анчартед“. Минатата година во таа компанија вработените добивале слободни петоци секоја недела. Компанијата го одржала својот развој, а ја завршувала работата за помалку време.

„Беше одлично да се фокусираме на поразлични размислувања и перспектива, тоа е како да земете помал куфер кога одите на одмор“, вели Бенитез.

Некои компании, пак, се обидуваат да ги „елиминираат“ понеделниците. Во раните денови од пандемијата Мајк Мелило, извршен директор на технолошката компанија „Вандерласт груп“, изјавил дека донел импулсивна одлука да ги „откаже“ понеделниците бидејќи тоа бил денот кој бил најмногу натрупан со состаноци. Другите вработени ја практикувале работната недела од 40 работни часа, но сместувајќи ги тие часови во 4 дена наместо во 5. Како и да скратувате, елиминирањето на еден работен ден има многу придобивки, особено за родителите. Може да се заштеди време за релаксација и полнење на батериите и поминување време со најблиските.

Нашето општество е преполно со контрадикторни нешта. Им велиме на родителите да уживаат во секоја минута, но на секаков начин тоа го правиме невозможно за нив. Им велиме на луѓето дека животот е краток, а потоа ја исполнуваме секоја минута со работа. Работната недела од 4 дена треба да помогне во намалување на овие контрадикторности. Исто така, може да го намали трошокот за грижа за децата (градинки, дневен престој, дадилки и слично), а родителите да поминуваат повеќе време со своите деца. Иако повеќе часови ќе поминувате на работа тие 4 дена, сепак, е подобра опција ако имате ден плус слободен за време со семејството. Во САД во јули беше презентирана легислатива со која би се намалиле стандардните 40 работни часа на 32. Иако тоа изгледа како револуционерен потег, важно е да се знае дека пред да помине во Конгресот Актот за праведни стандарди и услови на работа во 1938 година, стандардната работна недела била 6 дена. Во 1940 година часовите биле намалени на 40, а оттогаш немало промена во тој случај. Повеќето Американци се согласуваат со 4-дневна работна недела, според резултатите од анкета која покажува дека дури 82 отсто од Американците се согласуваат со идејата. Меѓу нив, повеќе од две третини сметаат дека 4-дневна работна недела би ја зголемила нивната ефикасност.

Со оглед на промените во изминатите 2 години, начинот на работа секако се менува, а расте и невработеноста. Нешто навистина треба да се промени, а работодавците да почнат да ги слушаат барањата на вработените.

Автор: Кристин Орган

Извор



912

X