Справувањето со бременоста и извршувањето на работните обврски може да биде предизвик, особено ако сте бремени прв пат. Во САД нема стандардно породилно отсуство, па многу нови родители не знаат кои ресурси им се достапни. Првиот чекор е да знаете што нуди владата во вашата земја. Следно, треба да се дискутираат деталите околу породилното отсуство со работодавецот. Многу нови родители избираат да го одржат тој разговор кога ќе им кажат дека се бремени, а тоа е околу првото тромесечје. Се препорачува да се заврши тој разговор колку што е можно поскоро за да имате соодветно време за подготовка. Добро е да се утврдат придобивките и планот за транзиција, како и начините за да ви се олесни и враќањето на работа.

Што треба да имате на ум и што е од помош за новите родители кога се враќаат на работа по породилното отсуство.

Флексибилно работење

Породилното отсуство е тема на дебати во минатите години, но сега повторно привлекува поголемо внимание. Инклузивноста е клучот во модерните работни места, што значи треба да се обезбеди поддршка за сите типови семејства. Кога се враќате на работа или пред да одите на породилно, бидете сигурни дека вашето семејство ги знае сите достапни опции во врска со отсуството. Тоа ќе ви даде поголема можност да се приспособите како нови родители. Пандемијата покажа колку се важни флексибилните работни часови за родителите, па добро е да го дискутирате тоа со работодавецот во однос на неговите очекувања за работните часови. Договорете се и како би ја менаџирале работата доколку се случи болест на детето или за начинот на транзиција и враќање полека на работа. Знаејќи ги овие детали, ќе можете да бидете поуспешни и во обврските дома и на работа.

Придобивки од канцеларија

Има многу начини за придобивки кога ќе се вратите на работното место – приватна соба за измолзување за мајките што дојат. Може да се дозволи и повремено носење на бебето во канцеларија ако возраста на детето го дозволува тоа. Така не само што му се помага на родителот во грижата за детето, туку работодавецот успева да ги задржи квалитетните вработени што станале родители. Градинките и центрите за дневен престој се исто така придобивка за родителите, па може да дискутирате со работодавецот дали има некое такво место во близина на канцеларијата.

Програми за добро здравје и благосостојба

Грижата за сопственото ментално и физичко здравје е еднакво важна како и грижата за вашето ново дете. Работодавците треба да се заинтересираат за програми за здравје и благосостојба и да им ги предложат на работниците, со цел тие да бидат секогаш во форма и мотивирани за нови успеси. Исто така, треба да се обрне внимание и на поддршката на менталното и емоционалното здравје. Обезбедувањето поддршка за меѓусебни односи, совети за сексуално здравје и родителски ресурси е клучно, со оглед на големата количина стрес со која се соочуваат новите родители.

Финансиска поддршка

Важно е да се дискутира и ова прашање со работодавецот. Новите родители имаат сосема различна финансиска иднина која може да вклучува животно осигурување, пензија, планови за штедење за образование на детето. Кога ќе се врати на работа, родителот-работник треба да ги има информациите во таа насока за да ја планира својата финансиска иднина. Истражете ги опциите за здравствено осигурување и за вас и вашето дете, во согласност со договорот за работа.

Семејно планирање

Иако можеби не мислите однапред, враќањето на работа по бременоста нуди одлична можност да дискутирате за идните придобивки во однос на семејното планирање со вашиот работодавец. Во САД, приближно 3 милиони жени се погодени од секундарна неплодност, што значи дека се мачат повторно да забременат или успешно да го доносат плодот. Ако неодамна сте се вратиле на работа по породилно отсуство, важно е да дискутирате и за финансискиот аспект со оглед на тоа дека третманите за плодност се скапи. Ако не сте сигурни како да ги започнете ваквите разговори, обидете се да го позиционирате тоа на начин кој ќе изгледа соодветен. Понудените придобивки ќе ги зголемат лојалноста, продуктивноста и исполнетоста кај вас. Вработените што имаат пристап до вакви придобивки изразуваат 1,5 пат поголемо задоволство од работата и имаат 2,5 пати помала веројатност да го напуштат тоа работно место.

Заклучок

Како нов родител, враќањето на работа може да биде емоционален, финансиски и физички предизвик. За среќа, работодавците почнуваат да го сфаќаат ова, а многумина работат на создавање системи за поддршка за да ја олеснат транзицијата. Ако ги сфатите опциите што ќе ви бидат достапни пред да заминете на породилно отсуство, тогаш кога ќе се вратите на работното место, ќе бидете помалку под стрес и ќе работите со поголема мотивација.

Автор: Џ. дејвид Адамсон

Извор



912

X