Во некои земји 20 отсто од породувањата се случуваат дома, иако повеќето лекари веруваат дека болниците се најбезбедно место за породување. Повеќето жени избираат да се породат дома затоа што е поевтино или затоа што сакаат да бидат во познат простор, но истражувањата покажуваат дека ваквото породување има и некои други предности. Затоа многу познати жени избираат да родат дома. Истражувачите од целиот свет биле прилично заинтересирани за ова прашање, па откриле изненадувачки предности на овој метод на породување.

1. Жените имаат поголема контрола

Жените што се пораѓаат дома имаат поголема контрола над ситуацијата. Може да им се обратат на луѓето кои ќе бидат со нив, а тоа може да помогне во процесот на породување.

2. Со нив е семејството

Вообичаено е жените што се одлучиле да се породат дома да бидат опкружени со своето потесно семејство. Некои болници го ограничуваат бројот на луѓе што можат да присуствуваат во родилната сала, а жените понекогаш сакаат со нив да се повеќе луѓе на кои им веруваат.

3. Поевтино е

Во некои земји, на пример, во САД, породувањето е прилично скапо. Ова е причината што жените избираат да раѓаат дома.

4. Можат да се породат природно

Некои жени сакаат да се породат природно, без лекови, анестезии и постапки како епизиотомијата.

5. Поудобно им е

Жените дома можат да родат каде сакаат – во кадата, на подот, во креветот. Тоа може да им помогне породувањето да биде поедноставно и поудобно.

Покрај сите горенаведени причини, секоја мајка треба да биде свесна дека породувањето дома носи одредени ризици. Најчестите компликации од породувањето дома, односно причините за префрлување во болница се бавниот напредок на породувањето, потребата од лекови против болки и заморот на мајката. Итните трансфери во болницата се многу ретки (помалку од 5 отсто од планираните домашни породувања, во зависност од студијата), а најчести причини се загрижувачки наод на срцевиот ритам на бебето, неповолна положба на главата на бебето за породување и прекумерно крвавење на мајката по породувањето.

Извор



912

X