Игротека

Причини зошто пријателите од детството секогаш ќе имаат посебно место во нашето срце

Врските што ги создаваме во раните години оставаат трајни траги во нашиот живот и го збогатуваат, дури и ако се случи со години да бидеме оддалечени од тие лица. Со пријателите од детството сме ги поминале првите денови од животот и тие се единствените што можат да разберат некои работи и да се смеат со нас на некои заеднички спомени.

Иако животот од различни причини знае да нè раздвои од најдобрите пријатели од детството, тие пријателства многу често знаат да траат цел живот, бидејќи се работи за лица со кои имаме минато неспоредливо со кое било друго. Без разлика на тоа како се развива животот, пријателите од детството секогаш ќе имаат посебно место во нашите срца.

1. Тие се дел од нашите почетоци

Пријателите од детството се со нас од нашите први чекори. Заедно со нив научивме да пишуваме, да броиме, да одземаме, да се занимаваме со спорт… Пред сè, заедно сме се забавувале и сме ги споделувале безгрижните животни моменти кога најважна била добрата игра.

2. За нас знаат работи што никој друг не ги знае

Не мора тоа да бидат некои големи тајни, но пријателите од детството со нас делат анегдоти од најраните денови. Спомените од детството се нешто што засекогаш се врежува во нашите сеќавања, а пријателите од детството биле со нас додека сме ги создавале тие спомени.

3. Со нив можете да бидете тоа што сте

Пријателката што била покрај нас од самиот почеток ги знае сите наши маани и доблести. Со неа можеме да бидеме она што сме, бидејќи можеби со текот на годините некои наши ставови и мислења се промениле, но во основа сите ние остануваме онаа личност што сме биле отсекогаш, а пријателот од детството ја познава токму таа личност.

4. Со нив сме ги учеле сите вредни животни лекции

Истражувањата покажале дека од првите пријатели учиме што е тоа доверба и како да веруваме некому. Од таа доверба се раѓаат односи кои вреди да се чуваат цел живот.

5. Секогаш имате каде да се вратите

Можеби сте се преселиле, сте пронашле нови пријатели, живеете во друга земја… Како и да е, пријателите од детството секогаш ќе ви се радуваат вам, на вашиот повик, порака или посета. Каква било непријатност брзо ќе помине и ќе следува повеќечасовно потсетување на најубавите спомени.

6. Ги знаат нашите слабости, но и силни страни

Пријателите што се со нас од првиот ден, нè гледале како растеме, во секоја смисла на зборот. Знаат што не можеме, а што можеме, од што се плашиме, кога треба да нè држат за рака… Тие заедно со нас ги откривале нашите стравови и сето она во кое сме силни.

7. Први нè поттикнувале да излеземе од комфорната зона

Најдобрите пријатели од детството први нè убедувале да направиме некои важни потези и нè поттикнувале да ги избереме работите што инаку не би ги направиле, и се разбира, обратно.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top