Кога се ближи распустот, морето, сонцето, одењето на некое патување и долгоочекуваниот одмор, сите родители се полни се елан и едвај чекаат со децата да отпатуваат некаде. Но, кога на патувањето ќе му дојде крај, што се однесува до многу родители, учебната година или градинката слободно може да почне.
Ова се некои од причините зошто родителите едвај го чекаат почетокот на учебната година и работните обврски кај своите деца.
Тишина
Кога децата ќе отидат на училиште, домот конечно престанува да биде бојно поле и патека за тркање. Родителите повторно можат да си ги слушнат мислите, па дури и да зборуваат на телефон или да гледаат вести.
Раздвоеност на браќата и сестрите
Кога во текот на летото браќата и сестрите поминуваат многу време заедно, неминовно е да дојде до расправии. Но, со почнувањето на училиштето или градинката децата физички се одделени, поминуваат време и со други деца, па поради тоа сакаат да бидат со браќата/сестрите, а освен тоа имаат и новости што треба да си ги кажат.
Работата од дома повторно има смисла
Родителите што работат од дома или повремено можат да работат од дома знаат како е повторно да имаат мир.
Структура
Многу родители едноставно подобро функционираат кога денот, а со тоа и распоредот има одреден редослед.
Возбуда
По долго време децата повторно ќе ги видат старите и ќе запознаат нови пријатели. Ќе стекнат нови знаења, ќе пробаат нови работи, а сето тоа ги прави среќни. Тука е и обновувањето на гардеробата, купување училиштен ранец, тетратки… ѝ нема крај на детската радост.
Нема повеќе смислување активности и летни кампови
Ако во текот на денот моравте да смислувате дружења, излети и активности со кои ќе ги забавувате децата, новата учебна година ќе му стави крај на тоа. Ако моравте да одите на работа, а немаше кому да ги оставите децата, сега нема за што да се грижите.
Во бањата повеќе нема метеж, а немате ни публика
Бањата е празна и само ваша. Никој не ве гледа додека се туширате или додека седите на веце-школката. Дали има нешто поубаво?
Ќе јадете што сакате
Можеби во текот на летото ги криевте лошите навики во исхраната за да не ги усвојат децата, но сега можете да уживате во чоколадото.
Спиење
Ако можеби поради здравствената состојба, бременоста или нешто трето преку ден си легнувавте, летниот одмор сигурно ви го одзел тоа. Но, сега ќе можете да си легнете и да ги наполните батериите.
Натрупан распоред
Во текот на годината на сите ни фалат децата и ни фали времето што не го поминуваме со нив. Но, кога тоа ќе го надоместите, и тоа со камата, се радувате на натрупаниот распоред во текот на учебната година што ве исцрпува. Училиште, странски јазици, спортски активности, дружење…
Обврски низ дома
Активностите и обврските низ дома сигурно беа запоставени додека куќата беше полна со деца. Сега, конечно можете да се фрлите на чистење на оние места што сте ги запоставиле во текот на летото.
Намалување на трошоците
Освен одењето на одмор, летото носи и други трошоци. За секој ден да ги забавувате децата понекогаш треба и да потрошите повеќе. Одењето на базен со нив и излегувањата чинат повеќе.
Психички мир
Вревата, расправиите, трчањето, постојаното размислување што ќе готвите за ручек и каде ќе ги однесете, како да ги одделите и како да ги забавувате… Ја запоставивте куќата, го запоставивте домот, целото време им го посветувате ним и на нивните животи. Но, со почетокот на учебната година конечно ќе го вратите вашиот психички мир што го изгубивте кон крајот на јули.
Враќање на пријателите
Вашето дете можеби беше осамено во текот на летото бидејќи неговите пријатели отишле кај баба и дедо, на море, на село… Но, почетокот на учебната година значи и враќање на старите пријатели и продолжување на дружбата, поради што вашето дете ќе биде позадоволно и подобро расположено.
Порано легнување
Во текот на летото деновите се долги, а ноќите кратки. Жештината трае до подоцна. Животот надвор, по парковите, почнува по 19 часот, што значи времето за спиење е поместено за подоцна. Многу деца што во текот на годината легнуваат во 21 или 22 часот налето легнуваат еден или два часа подоцна, што на родителите им одзема од потенцијално мирно поминатата вечер.
Но, со оглед на тоа што денот е пократок, како и раното станување наутро заради училишните обврски, ги тера децата порано да легнуваат.