Една мајка одлучила еднаш за секогаш да им стави крај на коментарите од типот: „Лесно ти е тебе“.

Во една пригода, кога една личност требаше нешто да ми донесе, ме праша кога ми одговара да помине. Ѝ реков дека може да дојде кога сака. Коментарот што следуваше навистина ме шокира. Ми рече: „И јас би сакала да сум мајка домаќинка, па да имам време за сè што ќе посакам“.

Тоа беше пред три години и сè уште добро ги помнам зборовите.

Затоа, ве молам дозволете да ви објаснам што правам со моето време.

Го дојам моето мало девојче во текот на целиот ден. Тоа се околу 109.500 потрошени минути само во доење, на годишно ниво.

Ја доев и постарата ќерка до 3 години, што е околу 328.500 минути вкупно. Така што, на доење имам потрошено 164.250 минути – досега.

Еднакво, треба да нагласам и дека разликата помеѓу доењето на едната и другата ќерка беше три месеци.

Пелени менувам по цели денови, некогаш и неколку пати во текот на еден час.

Перам облека, мијам садови, собирам играчки по стопати дневно, лекувам онаму каде што се удирле со бакнежи, нишам расплакано бебе, играм со постарото, смислувам начини како растењето на забите да биде макар малку пријатно, приготвувам појадок, ручек и вечера, учам бои, букви, форми… и водам сметка за настинати деца дури и кога јас сум настината.

Читам околу 50 книги дневно и помагам во многубројни цртежи.

Ретко кога стигнувам да јадам или, пак, да гледам нешто на телевизија. Ни во веце не можам да одам на мир.

Готвачка сум, чистачка, пејачка на приспивни песни, мајка, жена…

Немам слободни денови, годишен одмор или време за себе.

Секако дека сум исцрпена и секако дека имам многу работа, но што се однесува до мене, а верувам и до повеќето од вас, ова не би го менувала за ништо на светот.

Бидејќи во тој хаос и валкана облека, постојат милиони моменти што ме исполнуваат многу повеќе отколку што некогаш можев да сонувам.

Постои радост во тој хаос и љубов во тој неред.

Тешко им е на сите мајки – и на оние што работат и оние што не работат.

Едната не вреди повеќе од другата и работата на едната не тежи повеќе од работата на другата.

Без оглед дали работиме, дали остануваме дома, ние сме мајки 24/7. Затоа, да престанеме да претпоставуваме каков е денот на една мајка и да ја пофалиме секоја мајка за сè што прави.

Автор: Мелиса Острот



912

X