Воспитување

Престанете да им ги кажувате овие 4 фрази на децата

Родителите често забележуваат дека разговорите со децата во некој момент тргнуваат во погрешна насока. Несогласувањето се претвора во вистинска борба. Што се случило? Вилијам Стиксруд и Нед Џонсон се коавтори на книгата „The Self-Driven Child“. Вкупно 65 години работеле на истражувања и собрале значително искуство во работата со деца. Утврдиле дека постојат 4 фрази кои ги изговараат добронамерните родители, а кои воопшто не функционираат во подучувањето самодисциплина.

„Ако сега не работиш напорно, ќе жалиш до крајот на животот“

Вметнувањето страв е еден од најмалку ефективните начини за предизвикување внатрешна мотивација кај децата. Всушност, тоа може да биде штетно за нив бидејќи им предизвикува стрес. Уште една причина поради која ваквите фрази не функционираат е тоа што нивниот контекст не е разбирлив за децата. Децата не се способни да размислуваат однапред како возрасните. Тоа ги прави деца. Наместо тоа, успешните родители користат фрази како: „Сè уште не си совладал (нешто), но можеш да бидеш подобар. Погледни до каде си стигнал“, „Да, да сè нешто е тешко, но ако продолжиш да вежбаш, ќе имаш поголема самодоверба и ќе можеш да се соочиш со идните предизвици и ќе се чувствуваш многу добро.“

„Моја задача е да те чувам“

Како што растат децата, не можеме да ги чуваме и да ги заштитиме од сè како кога биле мали. Кога ќе тргнат во средно образование, не сме постојано со нив и не можеме да го следиме секој нивен чекор. Кога децата мислат дека наша задача е да ги чуваме, а не нивна, може повеќе да се однесуваат непромислено, мислејќи дека секогаш постои заштитна мрежа, а всушност не постои. Успешните родители, наместо тие фрази, им дозволуваат на децата да погрешат и самите да ги научат тешките лекции, а потоа со нив разговараат за тоа и ги предупредуваат на опасности.

„Те казнувам бидејќи мораш да научиш дека ваквото однесување е неприфатливо

Кога го казнувате детето, можеби имате чувство на контрола, но истражувањата покажуваат дека тоа му штети на вашиот однос со детето, како и дека е неефикасна алатка за промена на однесувањето. Освен тоа, колку повеќе се закануваат родителите, толку повеќе децата лажат и ги кријат проблемите околу кои можеби ќе им треба помош. Ако децата не сакаат да го слушнат вашето мислење, немојте да го наметнувате. Целта е да се подучува детето, а тоа се случува само кога навистина слуша. Ако комуницирате со почит, поголема е веројатноста дека само ќе ви дојде во некој момент. Разговарајте со детето за последиците и погрижете се двете страни со нив да се согласуваат. Бидете коректни и разумни.

„Премногу време поминуваш на телефон“

Светот на нашите деца е многу поразличен од нашиот, а со оваа изјава покажуваме дека не го почитуваме. Социјалните медиуми денес се многу важни. Успешните родители, наместо тие фрази, ќе покажат интерес за она што го интересира нивното дете. Прашајте го детето за игрите што ги игра, луѓето што ги следи, сериите што ги гледа или книгите што ги чита и барем повремено, уживајте со него и дајте му причина да го остави телефонот

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top