Родителите денес се согласуваат дека децата не треба да бидат физички казнувани. Но, тие имаат многу пофлексибилен став кога станува збор за послушноста на децата. Еден корисник на социјалната мрежа „Тумблр“, кој е на докторски студии за развој на деца, го напиша своето мислење околу ова:

– Не можеме никогаш да го решиме проблемот со насилство врз децата во нашето општество, освен ако не се откажеме од идејата дека најлошото нешто што едно дете може да го направи е да биде непослушно.

Толку многу луѓе не успеваат да го разберат овој феномен – се жалат дека активистите за правата на децата треба да престанат да се занимаваат со „бесмислени мали нешта“ и да се грижат само кога ќе се случи „вистинско насилство“. Овие две причини се всушност исти. Со тоа што ќе ја зачуваме идејата дека децата се морално должни да бидат покорни, ѝ даваме легитимност на злоупотребата. Со проширување на идејата дека родителите мора да бидат доминантни за да ги исполнат своите одговорности, ги охрабруваме да бидат насилни.

Престанете да ги фалите своите деца затоа што ви се покорни!

Престанете да напоменувате дека се „добри“ кога не се расправаат или жалат.

Престанете да ја изедначувате „почитта“ со послушноста.

Престанете да го нарекувате вашето дете „добро воспитано“ кога она што навистина го мислите е дека молчи и бара што е можно помалку.

Наместо тоа, фалете ги вашите деца поради нивната добрина и моралната сила што доаѓа однатре. Забележете ги нивните добри дела и несебичност.

Покажете дека сте горди на тоа што им помага на другите. Охрабрете го кога презема одговорност. Поддржете го кога ќе се спротивстави.

Престанете да ги фалите родителите затоа што се доминантни. Престанете да им се восхитувате на родителите што ги држат децата на кратко ремче, што можат да ги замолчат со еден збор или да ги исплашат со еден поглед. Престанете да се воодушевувате кога родителите се фалат на сите начини на кои ги држат децата под контрола.

Наместо тоа, фалете ги родителите што негуваат добри меѓучовечки односи со своите деца. Кажете им колку е супер кога ќе ги видите како предизвикуваат насмевка на лицата на нивните деца. Забележете како тие ги почитуваат своите деца, како тие разговараат со нив како луѓе. Охрабрете ги да поминуваат време со своите деца дури и кога не ги подучуваат, коригираат или им наредуваат. Забележете колку храброст им е потребно да признаат кога прават грешка.

Поддржете ги кога другите родители ги осудуваат бидејќи не се строги воспитувачи.

По изложувањето на мислењето, на социјалната мрежа следела дискусија. Една мајка го изнесе своето мислење дека на децата треба да им се даде слобода, но треба да научат да ги почитуваат правилата за да бидат функционални членови на општеството. А до тога не се доаѓа со: „Мама знае најдобро“.

Секој мисли дека го прави најдоброто кога станува збор за воспитувањето на своето дете. Факт е дека родителството е улога во која сигурно ќе направите грешка. Но, сè додека сте свесни дека правите грешки и му посакувате сè најдобро на вашето дете, почитувајќи ги неговите капацитети и интегритет, вие сте на добар пат.

Извор



912

X