Интернетот е преплавен со позитивни коментари откако се појави видео на две малечки слончиња кои играат со својата мајка. Видеото веќе стана вирално по социјалните медиуми, а било објавено преку твитер-профилот од Природниот парк за слонови во Тајланд.

Едно од малечките слончиња сака да си игра со својата мајка, па фрла гума кон неа. Другото ги зема гумите и ги фрла во воздух со својата сурла. „Мамоо, дојди да си играш со мене те молам! Кога Маи сака партнер за игра, ја влече гумата кон мајка си, па видете што Мае Маи направи“, стои во описот од видеото на паркот.

Суда Рамен од „Индиските шумски служби“ исто така го објавила видеото на „Твитер“, па тоа веќе има илјадници прегледи.

Корисниците на социјалните медиуми уживале во видеото и ги споделиле своите коментари. „Би сакал да го гледам повторно и повторно“, „Преслатко!“, „Преубаво!“, се нижат коментарите.

Автор: Раја Гош

Извор



912

X