Игротека

Преслатко видео: Мајка и ќерка – метеоролошки тим

Метеоролог најавува прогноза за студено време. Но, таа со себе донела и специјален гостин кој им ги стопи срцата на гледачите, а сега видеото од нејзиното известување е вирално.

Ребека Шулд, метеоролог за компанијата „CBS Milwaukee“, со својата ќерка Фиона (накратко Фифи), стара 13 недели, направи преслатко појавување во етерот. На мапата зад Шулд биле прикажани температури од кои дури и Снешко ќе се тресе од студ – на некои места живата е падната под 0 степени – но малата Фифи успеала да остави впечаток на топлина.

„Таа е подготвена“, рекла Шулд. „Има со себе едно од нејзините убави дебели ќебиња за студеното време кое пристига вечерва.“ Иако некои луѓе може да бидат нервозни под силните светла во телевизиско студио, Фиона е многу опуштена. „Таа е прилично рамнодушна во врска со оваа прогноза“, се шегува Шулд. Таа започнала да ги кажува и другите температури во одредени места, додека ја нишка Фиона, која не мрднува додека нејзината мајка ја работи својата работа.

Откако кажала некои од ниските тековни температури, Шулд направила брза пауза за да се извини за Фифи, велејќи: „Таа штотуку се разбуди од дремката.“ Потоа, продолжува со работа кажувајќи повеќе локални температури.

Очекувано, ова видео станало вистински хит. Медиумот го објави видеото на „Твитер“ и доби скоро 12 илјади прегледи. Шулд неодамна твитнала: „Потенцираме како всушност изгледа вистинскиот живот, обидувајќи се да постигнеме сѐ и да прикажеме како ковид-19 го промени начинот на кој работиме. И успеваме секој ден.“

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top