Видео од мало момче кое наместо „нутела“ вели „путер од кикиритки“ е меѓу омилените во онлајн светот. Во видеото се гледа дека детето точно го спелува зборот „нутела“. Но, кога треба да го каже целиот збор, самоуверено вели „путер од кикиритки“. Видеото има неколку милиони прегледи.

Било споделено на „Твитер“ од страна на корисничка која напишала: „Не можам да престанам да се смеам на ова.“

Коментарите се нижат во огромен број: „Начинот на кој го кажува…“, „Ми се допаѓа што нема никаква реакција од таткото, ниту смеење ниту глас. Како да гледаш комичен стиком без глас“, „Колку е сладок“, „Самодовербата е клучот.“

Автор: Кришна Прија Палави

Извор



912

X