Да се научат децата редовно да ги мијат забите, наутро и навечер, понекогаш е тешка задача. Но, забраната за консумирање одреден вид храна и пијалаци е уште потешка. Меѓутоа, стоматолозите напоменуваат дека постојат одредени намирници кои никогаш не би требало да им се даваат на децата. Од веб-страницата „Сан“ разговараат со д-р Махсом Шоаи од клиниката „Нејати“, која открила зошто одредени намирници никогаш не им ги дава на своите деца. Некои од нив не се штетни само за забите, туку за целокупното здравје. Таа истакнала: „Мојот главен фокус е превенција и информирање на пациентите за подобра и поефикасна орална нега, за да можат да ги задржат своите заби и во поодминати години. Шеќерот, се разбира, е една од најлошите намирници за детските заби. Микроорганизмите што природно се наоѓаат во устата ги претвораат шеќерите во киселини и тоа предизвикува кариес“.

Шоаи е стоматолог повеќе од 18 години, а ова е списокот со намирници што никогаш не би ги дала на своите деца:

Овошни сокови и спортски напивки

Докторката вели дека никогаш не им ги дава на децата овие намирници бидејќи се истовремено и кисели и слатки, што значи дека може да предизвикаат кариес. „Иако спортските напивки се често нагласени како напивки без шеќер, сепак, често шеќерот се заменува со вештачки шеќер, кој исто така е кисел и со самото тоа штетен за забите.“

Пржени компири

Стоматологот признава дека отсекогаш избегнувала да ги послужува децата со чипс или пржени компири, првенствено затоа што немаат никаква хранлива вредност, „Освен тоа, скробот кој се наоѓа во наведените производи навистина им штети на забите. Во устата се разложуваат на едноставни шеќери. Се заглавуваат помеѓу забите и може да предизвикаат кариес.“

Сушено овошје

Д-р Шоаи, исто така, не би им давала на децата сушено овошје бидејќи е како лепливите, гумени бонбони. Грицките со овошје и сушено овошје може да се залепат за забите и да станат извор на бактерии.

Цитрусно овошје

Колку и да е добро за децата, овошјето треба да се јаде во умерени количини, препорачува докторката. „Цитрусните овошја се многу кисели и со самото тоа може да ги оштетат забите, но ако ги измиете со вода и ги измиете забите веднаш по јадењето, можете да го намалите ризикот од настанување кариес.“

Премногу леб

Иако лебот го консумираме речиси секојдневно, д-р Шоаи предупредува дека и премногу леб може да биде штетно. „Лебот е, исто така, богат со скроб и се претвора во едноставен шеќер кој може да предизвика кариес. Ако детето има добра орална хигиена, а вие му помагате во чистењето на забите, лебот може да се консумира во умерени количини, без да дојде до создавање кариес.“

Гумени бонбони

Знаеме дека децата обожаваат гумени бонбони, но тие се преполни со шеќер и се лепат за забите, особено за катниците кои е тешко да се исчистат. „Освен тоа, гумените бонбони често се кисели и се многу нездрави поради комбинацијата на киселост, лепливост и шеќер.“

Гумени мултивитамини

Советот на стоматологот би можел да ги изненади родителите, со оглед на тоа дека се работи за гумени мултивитамини. Но, тие навистина може да бидат штетни. „Гумените мултивитамини обично се произведуваат со гликозен сируп или сахароза, кои се во основа шеќери. Наместо тоа, обидете се да побарате верзии без шеќер“, советува стоматологот.

Солени грицки

Докторката вели дека никогаш не би им дала на децата солени перечиња или стапчиња. „Овие солени грицки оставаат лепливи јаглехидрати на забите, кои се лепат за глеѓта и може да предизвикаат кариес.“

Што би требало да јаде детето?

Д-р Шоаи дава совети што да консумираат децата и кои намирници да се користат за поздрави заби, Меѓутоа, нагласува дека не е важен само изборот на храна. „Освен што би требало да јадат квалитетна храна, децата би требало да вежбаат миење на забите двапати дневно по 3 минути. Исто така, воведуваме забен конец кога сите заби ќе пораснат, обично околу 13. година. Забниот конец помага да се одржуваат забите чисти, особено просторите помеѓу забите во кои често настанува кариес.“

Д-р Шоаи препорачува родителите да ги носат децата на стоматолог на секои 6 месеци. Кога се работи за храната, таа смета дека родителите треба да воведат храна која придонесува за поздрави заби, но и за целокупниот организам. Детето би требало да јаде повеќе јаткасти плодови, богати со фосфор и калциум. Јаболката се полни со влакна и извонредно ги отстрануваат наслојките. Морковот и целерот се, исто така, одличен избор бидејќи влакната и водата што се наоѓаат во нив помагаат да се избалансира pH-вредноста во усната шуплина. Зелениот листест зеленчук е преполн со фолна киселина и може да го подобри здравјето на забите. Јајцата, исто така, имаат многу протеини, калциум и витамин Д, па се неопходни за оралното здравје.

Автор: Тифани Валис

Извор



912

X