Џесинда Ардерн, премиерка на Нов Зеланд, денеска роди девојче, па освен што стана мајка стана и втора светска лидерка што доби дете за време на својот премиерски мандат. Првата беше Беназир Буто, лидерката на Пакистан, која во 1990 година исто така роди девојче.
Премиерката се породи во Градската болница во Окланд а веќе има објавено и слика од бебето и партнерот Кларк Гејфорд на нејзиниот инстаграм-профил.
Фото: Влада на Нов Зеланд
Ардерн планира шестмесечно отсуство пред да се врати на работа, а во меѓувреме вршител на должноста премиер на Нов Зеланд ќе биде потпретседателот на владата, Винстон Питерс. Но, и во тој период таа ќе биде консултирана за важните одлуки, посебно за оние што се поврзани со националната безбедност.