Детските книги се полни со мудрости. Доколку обрнете повеќе внимание, ќе ја забележите мудроста што се крие во нивните реченици.

1. Антоан де Сент-Егзипери, „Малиот принц“ – Човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите. (Најважните работи во животот не можете да ги видите, но можете да ги почувствувате).

2. Џ.М. Бари, „Петар Пан“ – Во моментот кога почнуваш да се двоумиш дали можеш да леташ престануваш да бидеш во можност некогаш да го сториш тоа. (Никогаш немој да се двоумиш во себе бидејќи тоа само ќе те спречи да ги исполниш твоите цели).

3. Д-р Сјус, „Ох, местата што ќе ги посетиш!“ – Имаш мозок во твојата глава. Имаш нозе во твоите чевли. Можеш да се насочиш во која било насока што ќе ја избереш. (Само ти можеш да одлучиш за патот што ќе го избереш).

10. Луис Керол, „Алиса во земјата на чудата“ – Знаев која сум ова утро, но оттогаш се променив неколку пати. (Луѓето постојано еволуираат. Прифати го фактот дека работите ќе се променат).

5. Џон Роналд Руел Толкин, „Хобитот“ – Доколку повеќето од нас ги ценеа храната, наздравувањето и песната отколку златото, светот би бил повесел. (Материјалното не ни носи среќа).

6. Луиса Меј Алкот, „Малите жени“ – Не се плашам од бури бидејќи учам како да пловам со мојот брод. (Немој да се плашиш од животните предизвици).

7. Кевин Хенкес, „Малечката пластична чанта на Лили“ – Денес беше тежок ден. Утре ќе биде подобар. (Секогаш запомни дека во животот ќе дојдат и поубави денови).

8. Луиз Фитзхју, „Хариет шпионот“ – Понекогаш мораш да лажеш. Но себеси секогаш мораш да си ја кажуваш вистината. (Секогаш биди искрен со себе).

9. А.А.Милн, „Вини Пу“ – Ти си похрабар отколку што веруваш, посилен отколку што изгледаш и попаметен отколку што мислиш. (На сите им е потребно признание).

 



912

X