Воспитување

Прекрасни фотографии што покажуваат колку посветен татко бил Коби Брајант

Вчера во хеликоптерска несреќа загина кошаркарската легенда Коби Брајант. Иако сè уште не се објавени идентитетите на сите девет од патниците што ги загубиле животите во несреќата, потврдено е дека меѓу нив е и 13-годишната ќерка Џијана (Џиџи) Брајант. Се смета дека патниците патувале кон младинската кошаркарска академија на Брајант заедно со соиграч на Џана и нејзините родители.

Откако се рашири веста за несреќата, многу познати личности му оддадоа почит на Брајант за неговата кариера и она што го остави, и изразија сочувство до семејствата на патниците.

НБА даде изјава во која комесарот Адам Силвер ги пофали достигнувањата на Брајант, а особено неговата посветеност кон неговата ќерка, која била страстен играч на кошарка и честопати одела на натпревари со него.

– Коби беше дарежлив со мудроста што ја стекна и сметаше дека негова мисија е да ја сподели со идните генерации играчи, притоа изразувајќи особено задоволство што љубовта кон кошарката ѝ ја пренесе на Џијана – вели Силвер.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

 

 

Фото: Инстаграм

 

View this post on Instagram

 

????? #rip #kobebryant #linkinbio #giannabryant #gigi

A post shared by BCK:Celeb Kids & More (@officialbck) on

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top