Раѓањето е моќен, но истовремено стресен и возбудлив чин. Фотографиите од мајки кои штотуку се породиле најдобро ги покажуваат емоциите низ кои поминуваат мајките во тие моменти.
Кер Фокс е фотографка која стои зад овие фотографии. Таа веќе 13 години ги овековечува моментите кога по породувањето мајката го става бебето на гради.
– Мајчинството и сите промени што ги носи се движечка сила и крвотокот на целата моја кариера – пишува фотографката на нејзината веб-страница.
Кери вели дека фотографирањето на мајката, таткото и бебето е нејзиниот животен повик. По толку години, таа престанала да ги брои раѓањата на кои присуствувала и бројот на фотографии што ги направила за семејствата. Во текот на 2020 година, поради пандемијата, таа паузирала со работата, но на почетокот на оваа година продолжила таму каде што застанала.
Понекогаш мора да помине многу километри за да фотографира, но вели дека не ѝ пречи и дека фотографиите сами по себе се награда.