Малечката Бела го воодушеви целиот свет со својот неверојатен гест – со години им помага на другарчињата што немаат средства да подготват роденденска прослава

Деветгодишната Бела Смит го воодушеви целиот свет со својот великодушен гест. Имено, откако пред две години нејзиниот врсник ѝ кажал дека не може да го прослави роденденот бидејќи неговото семејство не може да си го дозволи тоа, дошла до неверојатна идеја.
Одлучила да ја земе работата во свои раце и ги измислила „кутиите на Бела“, кои се полни со неопходни работи за забава, балони и состојки за колачи. Сите спакувани работи се донации од сограѓаните, а откако ќе ги наполни кутиите, им ги предава на семејства со помали примања, од списокот што ѝ го доставува училиштето во кое учи.

Оваа година веќе спакувала и поделила 65 кутии, а нејзината мајка Марлана Еванс изјавила дека многу се гордее со својата ќерка.
– Работам во тоа училиште и знам дека учениците имаат разни проблеми. Бела е многу добро девојче со големо срце – вели Еванс.
Во прилог на тоа оди и нејзината молба од претходниот месец кога за својата роденденска забава ги замолила луѓето наместо подароци, да ѝ дадат донации, кои ќе може да ги спакува за учениците на кои им треба помош.



912

X