Фразата „малото девојче на тато“ доби ново симпатично значење со фотосесијата на еден татко и ќерка кои носат исти балетски фустанчиња. Таткото Кејси Филдс и неговата ќерка, едногодишната Лејла, носат розов балетски фустан и си ги лакираат ноктите, а се прикажани во серија фотографии направени од „Џен Флојд фотографи“.
Фотосесијата е опишана со едноставни зборови: – Најслатката сесија направена некогаш. Не можам да поверувам колку совршено излезе. Кејси Филдс ја прикажа неговата најмажествена страна – страната што не се плаши да направи сè што е потребно за да создаде спомени со својата ќерка. Замислете, по 20 години и двајцата ќе ги обожаваат овие спомени!
Токму така. Поминаа деновите кога татковците се сметаа за луѓе на кои им недостигаат емоции и интерес за своите деца. Новиот сигнал за силен човек е оној што не се плаши да ја покаже неговата помека, поемотивно ранлива и интелигентна страна. Факт е дека овој татко го обожава своето девојче и е подготвен да биде виден во балетски фустан правејќи типично женски активности. Тоа ја руши идејата дека мажите не можат да бидат 100 отсто вклучени во животот на нивните деца.
– Ако нешто излезе од ова, сакам да им покаже на татковците дека е добро да излезат од удобната зона заради нивните деца. Создајте спомени, бидете одлични татковци и забавувајте се. Дали требаше да ставам фустанче за да го направам тоа? Не, не требаше, но сигурно ќе биде смешно кога таа ќе дипломира и ќе се омажи, бидејќи јас дефинитивно ќе ги покажам овие слики – вели таткото во едно интервју.