Да се биде мајка, понекогаш е тешко, особено кога ќе почувствувате дека другите ве осудуваат кога вашето дете се однесува несоодветно или плаче и вреска. Но, пораката што ја пронашла една жена открива дека не е секогаш така.

Во камп во Викторија, Австралија, некој оставил порака во просторијата за перење алишта, а жената што ја пронашла решила да ја објави на „Фејсбук“ затоа што смета дека е важна за секоја мајка.

– За сите мајки… Кога ве гледам и ве слушам како се обидувате да го дисциплинирате или утешите детето, сакам да знаете дека не ве осудувам. Ви се восхитувам – на вашата сила, трпение и одлучност со која се обидувате да создадете прекрасни семејни спомени. Тоа е непроценливо. Љубов и почит за сите вас! Среќен Велигден – пишува во пораката за која многу жени веднаш искоментираа дека токму тоа им требало да го слушнат.

Извор



912

X