Колку пати сте ја слушнале изреката – делата зборуваат погласно од зборовите?

Ако нешто е сигурно, тоа е дека си ги сакаме децата повеќе од што било на светот. И како родители, должни сме да направиме да се чувствуваат сигурно, безбедно и што е најважно, сакано.

Затоа, покрај тоа што им кажувате колку ги сакате, обидете се на едноставен начин да им покажете колку ги сакате.

1. Погледнете го в очи

Кога детето ќе се обиде да разговара со вас или да ви покаже нешто што направило, оставете го тоа што го работите, фокусирајте се на него и погледнете го в очи. Погледнете го искрено. Дајте му внимание колку што е можно повеќе.

2. Физички контакт

Прегрнете го, гушкајте се, држете се за рака, спијте заедно, бидете блиску и покажете му на детето дека сте тука за него.

3. Пофалете го

Покажете му дека знае да го прави добро она што го прави. Кажете му дека е совршено и дека се гордеете со него. Научете го да се сака себеси.

4. Заблагодарете му се

Дајте му до знаење дека го цените тоа што ве слуша, што е добро и фино со пријателите, кога е културно. Нека се чувствува добро во својата кожа.

5. Седнете заедно и читајте

Поминете квалитетно време заедно. Детето нека избере книга и приказна што ја сака, разговарајте за неа, за омилените ликови и ситуации.

6. Одењето на спиење нека биде посебен дел од денот

Сумирајте го целиот ден пред детето да заспие. Разговарајте за најубавите моменти, како вашите така и неговите.

7. Имајте моменти кога сте сами со детето

Ако имате повеќе деца, потрудете се со секое од нив да имате одделно време. Иако е супер кога сите сте заедно, некогаш овие моменти се многу потребни.

8. Оставете го да готви со вас

Децата сакаат да бидат „големи“. Кога ќе им дадете важни задачи, ќе се чувствуваат посебно и важно. Иако понекогаш има многу повеќе работа кога готвите со детето, оставете го барем да го измие зеленчукот, да ги донесе чиниите и слично.

9. Учете го

Покажете му на детето нешто ново, зборувајте му за вашата работа. Купете книга за диносаурусите ако е фасцинирано од нив. Раскажувајте му за птиците, дрвјата…

10. Правете нешто необично

Постои нешто за кое велите не, но повремено можете да му го овозможите на вашето дете. Тоа се мали начини да направите големо изненадување.

11. Возбуда

Покажете ентузијазам кога детето зборува за нешто или прави нешто. Покажете колку сте возбудени кога ќе видите дека ја пишува домашната задача. Нека ја почувствува таа љубов.

12. Измислете игра заедно

Вклучете го копчето за имагинација, бидете креативни и поминете посебни семејни моменти.

13. Нека ви раскаже приказна

Пуштете го детето да има контрола над приказната, ќе им биде забавно, но ќе имаат и чувство дека соништата им се остваруваат. Нека каже што сака, ќе смислува ликови, а очите ќе му блескаат цело време.

14. Охрабрете го

Оставете го да сонува и охрабрете го да ги оствари своите соништа. Можеби тие сега се нереални, но благодарение на вашето охрабрување, подоцна, кога ќе има реални соништа, ќе има доволно храброст да ги оствари.

15. Чувајте ги навиките

Традицијата, навиките, рутините, секако, со понекоја спонтаност, ќе му помогнат на детето да се чувствува сакано и згрижено. Посебните семејни навики ќе му останат како спомен за цел живот.

Извор



912

X