Игротека

Прегратки што зборуваат повеќе од зборовите: Биби и Боби ги израдуваа децата во Бугарија

По повод 1 Јуни – Светскиот ден на детето, омилените ликови на многу деца, Биби и Боби, беа дел од голем настан во Софија, Бугарија, каде што приредија незаборавна дружба исполнета со насмевки, игра и многу емоции.

Највпечатливиот момент од целиот настап беа прегратките што децата им ги подаруваа на Биби и Боби веднаш штом се појавија на сцената. Десетици деца трчаа кон нив со искрена радост, нетрпеливи да ги поздрават своите омилени ликови во живо.

Од тимот на „Светот на Биби“ велат дека ваквите средби се најголемата мотивација за понатамошно создавање нови содржини за децата.
-Ниту една бројка, награда или успех не може да се спореди со искрената детска насмевка и прегратка. Токму тие моменти нè потсетуваат зошто ја создаваме оваа приказна – велат од тимот.

Интересно е што брендот „Светот на Биби“ во последниот период сè повеќе го проширува своето присуство надвор од Македонија, а љубовта што ја добива од децата во различни земји покажува дека добрите приказни немаат граници.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top