Рајан е предвремено родено бебе, имал само еден килограм кога се родил, па шест недели бил во инкубатор. Неговите родители често се шегуваат дека не е роден пред времето, туку дека само е напреден. Така неговиот татко добил идеја да го уфрли синот во светот на возрасните – и веднаш стана хит на интернет.

– Секое фотографирање трае околу 20 минути. Поголемиот дел од работата е монтажата, па  средувањето на Рајан да изгледа уверливо на фотографиите – вели таткото Мет за страницата Bored Panda.

Сопругата често му помага да го постават Рајан во вистинската позиција, а заедно се трудат да му дадат љубов, поддршка и доволна доза трпение. Тоа е и советот што тие двајца им го упатуваат на сите родители на предвреме родени деца.

 



912

X