Многубројни испитувања покажуваат дека појадокот е потребен и клучен во здравата исхрана кај секоја индивидуа, но само доколку претставува комбинација од здрави намирници приспособени според енергетските потреби на секој човек

Сè повеќе истражувања го привлекуваат вниманието за начинот на исхрана. Добро е познато дека појадокот треба да биде главен оброк во текот на денот за подобро здравје. Иако информацијата е распространета, малкумина ставаат акцент на појадокот и комбинациите во секојдневната исхрана или можеби поврзуваат одредени проблеми и болести со дефицит на појадок, велат од клиничката болница „Жан Митрев“.

Што покажуваат научните студии за одбегнувањето на појадокот и составот на тој оброк?

– Во утринските часови телото има најголема потреба од енергија и надополнување на резервите со тоа што важно е да внесеме нутритивно квалитетна храна која на правилен начин ќе го одржи организмот витален и здрав.

Што се случува кога ќе одбереме бело печиво или пржена масна храна за појадок?

– Пекарските производи кои не се комбинирани со свежа храна во утринските часови изобилуваат со скроб – јаглехидрат кој ја оптоварува работата на панкреасот и дава спротивен ефект од наплив на енергија. По ваков едновиден оброк телото дава знаци на замор, изнемоштеност, без способност нормално да се извршат целодневните активности. Токму оттука на многумина им одговара одбегнувањето на појадокот кој не помага за подобра мотивација и здравје.

Дали по секоја цена треба да се појадува?

– Единствено комбинацијата од свежа храна (овошје и зеленчук), интегрални житарки во умерени количини, семиња и јаткасти плодови, балансиран внес на млечни производи може да ги промени симптомите на изнемоштеност, а воедно да помогне во надополнувањето на нутритивните потреби на секој организам.

Заклучок: Многубројни испитувања покажуваат дека појадокот е потребен и клучен во здравата исхрана кај секоја индивидуа, но само доколку претставува комбинација од здрави намирници приспособени според енергетските потреби на секој човек. Со првиот оброк во денот одбегнуваме поголем внес на храна за ручек, а оттука и директно влијаеме за одржување нормална телесна маса.

Предлози за појадок:

– Зелено смути од спанаќ и јаболко со 1 парче интегрален леб премачкан со путер од кикиритки.
– Овесна каша со семиња и јогурт во комбинација со 2 вида овошје.
– Омлет со зеленчук, шолја нискомаслен јогурт и 1 парче интегрален леб.
– Детокс-ден: вода со ѓумбир и лимон и 4 вида овошје.



912

X