Првата помисла на Нова година и Божиќ е време поминато во кругот на најблиските, домашна атмосфера, одмор, вкусна храна и шолја топол чај. Сепак, за да уживате целосно, една работа ви недостига – филмови. Затоа, треба удобно да се сместите, да подготвите грицки и да се препуштите на авантурите со јунаците. Ова се неколку најинтересни филмови во кои ќе уживате со своето семејство.

Поларен експрес

Интересен филм за момче кое не верува во Дедо Мраз, иако другите му велат дека тој навистина постои. Дали Дедо Мраз навистина постои? Дали момчето им поверувало на другите? Погледнете го филмот и ќе дознаете.

Елф

Погледнете ја приказната за џуџето кое патува од Северниот Пол во потрага по вистинско семејство. Што мислите – дали ќе го пронајде?

Кучето што го спаси божиќниот одмор

Семејството Банистер одлучило да ги помине празниците на преубава планина. Со оглед на тоа дека злобниците демнат на сите страни, нивниот семеен одмор може да се претвори во неволја. Погледнете како ова семејство си поминало на планина и како нивниот мал пријател Зевс им помага. Филм кој ќе ви го држи вниманието до самиот крај.

Лудиот професор

Новогодишната еуфорија не може да помине без еден од најомилените актери – Еди Марфи. Во овој филм тој глуми професор. Погледнете ги неговите авантури.


Сам дома

Дали новогодишната еуфорија е целосна без овој филм? Празниците не се празници без овој култен филм. Погледнете ги авантурите на момчето чии родители го заборавиле дома.


Кошмарот пред Божиќ

Познатата анимирана комедија ќе ги воодушеви вашите дечиња. Приказната е сместена во измислениот град Ноќ на вештерки, чии жители одлучиле да ја прекинат монотонијата со новиот празник Божиќ. Погледнете ги авантурите на жителите од овој фиктивен град.


Како Гринч го украде Божиќ

Погледнете зошто жителите на градот Ху го отфрлиле Гринч и зошто тој се повлекол и почнал да живее во пештера. Веруваме дека ќе ви се допадне оваа интересна божиќна приказна.

Извор



912

X