Постојат многу уникатни предизвици што доаѓаат со самото тоа што сте дел од армија, а кога имате семејство – најголемиот предизвик во тој случај е да се носите со родителството. Сите овие предизвици се поголеми кога родителите се разведени.

За децата на разведени родители што се војници, често може да изгледа како едниот родител да е повеќе вклучен од другиот. Децата ги сакаат родителите еднакво, но да се биде постојано раздвоен од едниот родител во војска, може навистина многу да влијае врз односите. Тоа е самата природа на воениот живот. Како родител, клучно е да преземете иницијатива за рано да ги надминете овие предизвици и да им помогнете на децата да ве гледаат и вас и другиот родител како еднакви во своите улоги, како фигури за авторитет и лица што даваат љубов и грижа. Да ги потенцираме различните предизвици со кои се среќаваат родителите-армиски лица што се разведени, како и идеите за нивно ефикасно надминување.

Заеднички предизвици

Секое семејство е различно, но разведените родители-војници имаат многу работи со кои треба да се справат. Настрана од вообичаените предизвици што доаѓаат со самиот развод, овие семејства искусуваат многу невообичаени тешкотии кои не се гледаат често кај другите семејства. Ова се најчестите:

Разделба

Многу од ваквите семејства се разделуваат на подолг период. Работните активности обично траат од 9 до 12 месеци, а пократките разделби во времетраење од еден месец се уште почести. Ова може да доведе до анксиозност и тага кај децата, како и збунетост во однос на стратегијата за поделено родителство.

Небалансирана одговорност

Бидејќи едниот родител вообичаено е отсутен (дури и на подолг период), родителските обврски преминуваат на родителот кој останува дома. Таа личност одеднаш добива двојна улога, обидувајќи се да ги заврши сите задачи за да го балансира отсуството на другиот родител. Како што може да се замисли, се работи за стресна ситуација која лесно може да доведе до незадоволство.

Загуба и збунетост

Не е реткост децата од вакви семејства да доживеат загуба и збунетост. Да се остави сè зад себе и да се почне одново е тешко. Кога семејствата се принудени константно да ја менуваат својата рутина, може да се создаде лутина насочена кон родителот-војник. Иако еден од родителите останува на истото место, сепак, честото одвојување е тешко за сите.

Справување со предизвиците

Што можеме да направиме како родители за да го запазиме балансот? Прво, родителите треба да создадат план. Создавањето заеднички распоред на родителите треба да започне со документирање на стратегијата за поделба на старателството. Комуникацијата нека биде едноставна и отворена. Заедничкото родителство е двонасочна улица, дури и кога едниот родител е во војска. Овие семејства, исто така, треба да комуницираат со децата и да постават јасни очекувања. Очекувањата и правилата треба да бидат балансирани помеѓу двајцата родители за работите да бидат постојани и предвидливи за децата. Родителот кој не е дел од армија може да земе предвид некои нови и различни начини за заработка за да обезбеди дополнителен приход.

На крајот, искористете ги ресурсите од армијата. Има многу семејни ресурси кои се дизајнирани за сите овие предизвици да бидат малку полесни. Следниот пат кога ќе имате чувство дека е нарушен балансот во однос на родителството, размислете за вашата стратегија. Можно е да живеете успешен, среќен живот и во вакви ситуации.

Автор: Стефани, сопруга на професионален војник и мајка на две деца



912

X