Бебињата се тешки за справување. Малите деца исто така. Но знаете што друго е тешко? Петгодишните деца. Тие се ретко тема на разговор, а моја цел е да ја променам таа реалност. Подготовката е клучот! Ова се седум работи што треба да ги знаете за родителството кога станува збор за петгодишниците:

1. Изрази

Не користете ги освен ако не сте заинтересирани за олеснувачкиот дијалог што следува. На пример, безопасна реченица како „Би убил/а за таква можност“ ќе резултира со говор на тема „Убивањето е лошо!“, кој сум сигурна дека ќе продолжи во јавност, на училиште. Веднаш замислувам: „Мојата мајка ќе убиеше некого овој викенд, но јас ја сопрев…“

2. Прашања

Ќе има толку многу прашања. „Кој прави филмови?“, „Како расте очното јаболко?“, „Каде се ставаат кучињата кога умираат?“, „Дали рибите може да забременат?“, „Што се случува со козите кога има торнадо?“ И сето ова испрашување почнува взори, пред првото каде, во петтата исцрпувачка година. Ако одговорите со леснотија на некое од овие прашања, ќе ви аплаудирам.

3. Говор на телото

Во нашата куќа бањата е место каде што влегуваат повеќе луѓе откако почна мајчинството. Приватноста не постои и животот продолжува дури и кога ги извршувате тамошните активности. Ова доведува до разговор за кој не сум подготвена да го споделувам јавно. Бидете однапред предупредени!

4. Гордоста на знаењето

Ако научат нешто ново, сигурно ќе го споделат тоа. Особено ако изгледа како нешто провокативно или необично, за разлика од она што се учи на училиште. Сигурна сум дека мојата ќерка ја споделува приказната за менструацијата со децата во градинката. Само се надевам дека ја раскажала со точни факти, а не со вообичаеното додавање на нејзината фантазија.

5. Брутална искреност

Ако сте качиле неколку килограми, може да слушнете: „Мамо, дали ќе имаш друго бебе?“ И додека се подготвувате за работа, може да слушнете: „Дали тоа навистина ќе го носиш на себе?“ Или како мене, можете да поминете 40 минути виткајќи ја косата само за да бидете прашани зошто е толку несредена. Да. Можеби повторно ќе се обедините со вашето его на возраст од шест години.

6. Конфликтна рутина

Ако дома сосема отстапувате од рутините од градинка, од вас ќе биде барано да ги рефлектирате и оправдате вашите избори. Зашто рутините креирани од учителката поседуваат повеќе авторитет отколку рутините креирани од мама и тато. Мхм.

7. Играчки за на прсти

Никогаш во животот не сум била толку вознемирена од играчка.

Автор: Линдзи Паркинсон



912

X