Познатата модна дизајнерка Џесика Симпсон, која е мајка на три деца, објави фотографија од своите стапала кои ни малку не личат на отечените стапала од бременоста, а ова искуство ја инспирира за нова линија удобни чевли за бремени жени.

По речиси три месеци откако го роди нејзиното трето дете, девојчето Бирди Меј, познатата мајка Џесика Симпсон на социјалните мрежи сподели најнова фотографија – зглобовите од нејзините нозе. Ако ја следевте нејзината бременост, тогаш веројатно знаевте дека 39-годишната Џесика се бореше со разни проблеми за кои пишуваше на социјалните мрежи и бараше совети од другите мајки и трудници.

Сега објави фотографија од нејзините зглобови кои воопшто не изгледаат како на фотографијата од јануари кога оваа дизајнерка, актерка и пејачка беше во втората половина од бременоста. Под фотографијата од јануари Џесика напиша: „Има лек? Помогнете!!“ Нејзините следбеници за брзо време ѝ понудија совети и поддршка во коментарите бидејќи тогашните стапала воопшто не би можеле да влезат во ниеден од нејзините модели на чевли во кои се заљубени жените низ цел свет.

 

 

View this post on Instagram

 

I spy….my ankles!!!!

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

– О Боже, ова ми се случи и мене! Компресивни чорапи, нозете треба да ги ставиш над главата – напишала една следбеничка.

– Горка сол како бања. Ставање на стапалата во топла вода и половина лажичка горка сол. Ова може да биде релаксирачки вечерен ритуал додека си трудна. Слободно додај неколку капки етерично масло од лаванда, ружа или рузмарин – е уште еден совет што го доби Џесика. Многу следбеници ја советуваа итно да се јави на доктор затоа што отеченоста може да биде знак за прееклампсија.

 

 

View this post on Instagram

 

#tenyearchallenge (? @backgrid_usa)

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

Фотографијата со отечената нога предизвика коментари од мајки и трудници кои го имале истото искуство во бременоста и по бременоста, а многу од нив се надеваат дека ова искуство ќе инспирира нова линија удобни обувки за бремени жени.

Задржување течности и отоци во текот на бременоста

Телото во текот на бременоста отекува поради акумулацијата на течности во ткивата. Отокот е поврзан со нормалното зголемување на количеството течност во телото за време на бременоста. Три од четири бремени жени развиваат едем (отекување) во еден период. Обично отекувањето се појавува на нозете и зглобовите, рацете и прстите, околу 38. недела од бременоста. Најмногу е присутно на крајот од денот или по долго стоење или седење во топла вода. Отекувањето може да биде знак за прееклампсија.

Што можете да направите?

– Немојте долго да стоите.
– Редовно одмарајте се и седете со подигнати нозе.
– Ако ви отекуваат рацете, држете ги над срцето наместо да ги пуштите.
– Избегнувајте да носите тесна облека или обувки.
– Разговарајте со доктор за посебни еластични чорапи.
– Пијте многу течности за да ви помогнат во исфрлањето на вишокот течности во организмот.
– Немојте да го намалувате внесувањето на сол освен ако крвниот притисок не е висок.

 



912

X