Често прашање што си го поставуваат родителите е како да го спречат крвавењето од носот кај децата. Ова се советите од лекарите:

1. Прво, со чисто марамче (најдобро стерилна газа, ако ви се најде при рака) треба да ја избришете крвта и да утврдите од која ноздра детето крвави, или пак крвта тече од двете ноздри (што се случува поретко). Поголемите деца треба кратко да го „издуваат“ носот и така да го исчистат местото на крвавење од слузницата или евентуално некое мало туѓо тело.

2. Детето треба да седне, главата треба да му се наведне полека напред (не назад, како што често погрешно се прави). Ако главата се наведне наназад, тогаш крвта ќе се слее во грлото, а тоа не се гледа, па може да се случи детето да изгуби премногу крв непотребно. Тоа не може да се случи ако главата ја наведне полека напред, бидејќи тоа е вистинската положба.

3. Во таа положба треба да се изврши притисок на ноздрата од која тече крвта. Тоа најлесно се прави со прстот (преку марамчето, или директно на ноздрата), кој се поставува отстрана, така што ноздрата да се „залепи“ со коскената преграда од носот. Не треба прстот да се турка од долу (тоа е неправилно), туку само отстрана. Би било добро детето да дише на уста додека се притиска носот кој крвави, иако и другата ноздра е слободна.

4. Треба да се биде трпелив и да се почека најмалку десет минути пред да се провери дали крвавењето престанало. Ако прерано го пуштиме притисокот заради проверка, ќе се увериме дека крвавењето не престанало, па мораме целиот процес да го применувате отпочеток.

5. Ако и по десет или петнаесет минути правилно притискање крвавењето не престане, треба да се земат капки или спреј за нос кои ги стеснуваат крвните садови во носот и да се стават по неколку капки во ноздрата што крвави. Потоа се повторува вршењето притисок на ноздрата и се седи во таа положба петнаесет минути.

Автор: д-р Горан Вукомановиќ, педијатар

Слична содржина:

На детето му тече крв од носот – еве што треба да направите



912

X