Секоја култура има свои совети и методи за воспитување што останатиот дел од светот би било мудро да ги прифати. Скандинавците се одличен пример за тоа. Нивните деца се послушни, а родителите релаксирани. Нивните приоритети и балансот на нивните вредности ги прават децата среќни и им дозволуваат да уживаат во секој момент од животот.

Ова се само некои од правилата до кои се придржуваат нациите од Северна Европа, а добро би било да ги примените и вие.


1. Не купувајте им премногу играчки

Скандинавските мајки и татковци сметаат дека концентрацијата на нивните деца се влошува ако тие имаат премногу кукли и играчки. Малиот број играчки на децата им дава можност да ја искористат нивната имагинација и да го ценат тоа што го имаат.

2. Поттикнете ја желбата на вашето дете да се самоизразува

Во парковите во скандинавските земји никогаш нема да видите мајка која вика: „Не оди таму, ќе си ја извалкаш маицата!“ Скандинавските родители ја охрабруваат детската желба да се изразат – дозволено им е да допрат валкани камчиња, да скокаат во вирчиња. На децата им е дозволено да играат како што сакаат, без ограничувања. Ако детето се врати дома со чиста облека по прошетката, родителите ќе помислат дека тоа воопшто не отишло на прошетка.

3. Оставете ги децата да шетаат, дури и ако времето е лошо

На норвешки јазик постои посебен збор „фрилуфтслив“ што во буквален превод  значи „слободен живот на воздух“. Со други зборови, тоа е способноста да запрете и да уживате во природата и околната убавина. Денес овој збор се однесува на одредена филозофија што е честа за оваа култура. Научниците тврдат дека овој пристап ни овозможува да го намалиме стресот, да ги подобриме врските со нашите роднини и да го зголемиме нивото на ендофрин, хормон одговорен за среќата.

Доброто време е ретко во Скандинавија. Затоа луѓето не се исплашени од лошото време: тие само ставаат топла облека и веруваат дека лошото време му помага на имунолошкиот систем да се справи подобро со вирусите.

4. Не заборавајте ја улогата на таткото во семејството

Татковците се одговорни за сите секојдневни задачи, а сето ова почна со владините програми што ги охрабруваат татковците да земат породилно отсуство. Во Норвешка породилното отсуство за таткото трае 6 месеци, во Данска 4 месеци, а во Шведска 3 месеци. Сите месеци се целосно платени. Овие услови ги охрабруваат татковците да поминат повеќе време со нивните деца. Како резултат на тоа, тие учествуваат во животот на децата.

5. Уживање во спортот, а не бркање златни медали

Уште во детството децата почнуваат да играат разни спортови. Родителите не ги гледаат резултатите и не ја контролираат нивната „соодветност“ за овој или оној спорт. Ако една девојка со прекумерна тежина сака да спортува гимнастика, нејзините родители нема да бидат против нејзината желба, а нејзиниот тренер целосно ќе ја поддржи.

6. Заборавете на физичкото казнување

Во 1979 година Шведска стана првата земја во светот што официјално го забрани физичкото казнување и дома и во училиштата. Сите расправии треба да бидат дискутирани. На пример, ако една личност види дека родителот малку го удира детето, ќе викне полиција. Во овој случај детето може да биде испратено во друго семејство, а родителот да биде одведен во притвор пред да оди на судење. Ако судот докаже дека родителот редовно го удирал своето дете, ќе биде осуден на 1,5 година затвор.

7. Не следете ги родовите стереотипи

Кога бебето доаѓа на овој свет, родителите не му купуваат розова или сина облека. Децата се облечени во облека со неутрални бои. Исто така, родителите им купуваат играчки без оглед на полот на нивните деца: не сакаат да им наметнат какви било родови стереотипи.

8. Научете го детето да си го сака телото

Скандинавските родители им дозволуваат на своите деца да трчаат низ нивните дворови голи, дури и ако времето е лошо. Тие не велат дека голотијата е срамна и ги охрабруваат децата да си го откриваат телото за да не се чувствуваат непријатно ако треба да се соблечат на јавно место, како на пр., на базен или плажа.

9. Научете ги децата да бидат независни

Скандинавските мајки и татковци им дозволуваат на децата сами да одлучуваат и да бидат слободни. На децата им е дозволено да извршуваат задачи низ домот, како миење на садовите и слично. Не, детето нема подобро да ги измие од мајката, но ќе го направи само и тоа е многу важно. Слободата и довербата на родителите ги учат децата да бидат одговорни.

10. Грижа за забите

Во Шведска постојат и специјални програми за стоматолошка заштита финансирани од државата. Тие користат и различни трикови за детето да не се плаши од стоматолог. Родителите прават сè за да го научат своето дете правилно да се грижи за забите.

11. Не фрлајте пари на курсеви за развој на детето

Скандинавците го следат пристапот „релаксирачко родителство“. Ова значи дека не трошат пари за часови за развој на детето и курсеви, и не се обидуваат истовремено да го научат детето странски јазик и синхронизирано пливање. Тие го ценат времето поминато со своите деца. Според скандинавската филозофија, децата треба да имаат слободно време кога нема да мора да прават ништо или само да си играат. Тие сметаат дека тоа им помага на децата да развијат важни вештини, да менаџираат со емоциите и да ја развијат имагинацијата.



912

X