м-р Теодора Богојевска, логопед

м-р Теодора Богојевска, логопед

Логопедски центар „Флуенто“, Тетово
facebook.com/Centar-za-logopedski-uslugi-Fluento

Повеќе од авторот

Научете ги правилата за тоа како да комуницирате со децата што имаат говорно-јазични нарушувања.

Важно е да се поедностави начинот на кој му се обраќате на детето, во вид на едноставни и јасни налози.
Треба да воспоставите директен контакт со очи додека му се обраќате на детето.
Дополнително да му обрнете внимание на детето со помош на насочување на говорот за време на обраќањето (микрофон, играчка), за да го поттикнете да говори. Кога ќе го слушне својот глас, брзо ќе стекне т.н. слушна повратна спрега и ќе дојде до брзо созревање на говорните центри во мозочните кори.
Говорете им со весел тон или може да им потпевнувате.
Остварете емотивен однос и не заборавајте дека тоа е темел за секоја добра стимулација на детските интереси.
Пејте им познати песнички, и по извесен број повторувања на песничките, на крајот прескокнете го последниот збор или фраза и почекајте да видите дали детето ќе го предвиди крајот или бараниот збор или фраза.
Потребно е секој налог што ќе му го упатите на детето да биде придружен со визуелна поддршка: движење, покажување слики/предмети. Во почетокот употребувајте движење-гласови, да го поддржите тоа што го зборувате (покажете со раката на одреден предмет што го именувате за време на играта, односно слика).
Покажете слики на кои има животни или возила и имитирајте го начинот на кој животните се огласуваат или како брмчи или свири автомобилот.
Истите слики покажувајте ги повеќе пати и поткрепете ги со именување или огласување за да се навикне детето на оваа рутина, а потоа изоставете го зборот и видете дали детето ќе ја именува само сликата што му ја давате.
Искористете ја секоја можност да ги именувате работите што детето ги користи, а имаат врска со претходно презентираните слики (именки, глаголи, придавки, предлози…) сè додека детето не почне да го разбира тоа што го повторува и на тоа да му даде значење.
Доколку детето употребува повеќе поединечни зборови, обидете се да ги збогатите така што ќе употребувате повеќе придавки, а може и да поставувате прашања, да додадете и глаголи. На тој начин се формираат и првите вистински реченици.

Импресивниот говор и акустичкото внимание кај децата со неразвиен говор (алалија) најдобро се развиваат преку:
• Говорење со користење играчки
• Покажување предмети и дејства и нивно именување
• Усно давање наредби кои детето ги извршува
• Разгледување слики и сликовници кои му се објаснуваат
• Кажување и читање кратки приказни, басни и песни.



912

X