Иако во речиси сите детски паркови и игралишта постои само знак што забранува влез на кучиња, веруваме дека сите родители ќе се согласат дека треба да се воведат и други правила. Пред сè, треба да се воведат правила дека на игралиштата не треба да се пуши, да има гласна музика и слично.

Но, постојат многу непишани правила за кои некои родители се свесни, некои не, но сите треба да се придржуваме.

1. Затворајте ја вратата кога влегувате и излегувате од паркот

Се случува понекогаш да заборавиме да ја затвориме вратата од паркот. Парковите најчесто се покрај фреквентни улици, а како што знаеме, децата трчаат непредвидливо, па лесно може да се случи несреќа доколку вратата не е затворена.

2. Не хранете ги туѓите деца

Вашите деца може да ги храните, но нека не ви стане навика тоа да го правите и со другите деца. Освен што може да им дадете погрешна храна на која можат да бидат алергични, може и да им го расипете апетитот за ручек или вечера. Ќе се согласите дека не сакате некоја мајка да му го уништи оброкот на вашето дете.

3. Не оставајте храна во паркот

Поради некоја причина, децата повеќе сакаат да јадат туѓа храна отколку таа што е наменета за нив. Доколку ја оставите на клупа на дофат на рацете на другите деца, можете да очекувате да навалат на неа.

4. Однесувајте се пријателски кон другите мајки и татковци

Нема причина да не се однесувате љубезно кон другите родители. Не грижете се, никој од вас не очекува да станете со нив најдобри пријатели, но тоа не ве спречува барем да се поздравите.

5. Внимавајте на децата иако сте на мобилен

Не очекувајте другите родители да внимаваат на вашето дете додека сте на мобилен. Иако многу родители што ги држат на око своите деца во паркот, понекогаш е тешко да се има внимание на сите, па доколку се случи нешто лошо, знајте дека вие сте одговорни за вашето дете.

6. Исчистете го ѓубрето зад себе

Ако вие и вашето дете сте направиле неред, исчистете го и не оставајте го така.

7. Не судете им на родителите според она што го гледате во паркот

Немојте да ги осудувате другите родители само според она што го гледате на игралиште. Времето поминато во паркот е само мал дел од животот на една мајка.

8. Немојте да викате

Не викајте во паркот, освен ако станува збор за безбедноста на децата. Никој нема да ви замери ако видите дека некое дете оди до патот, јаде камчиња или прави нешто опасно, но да му викате на детето да се врати или да правите врева дека нешто не смее да прави, едноставно е неприфатливо.

9. Не дисциплинирајте туѓи деца

Децата можат да бидат разгалени, па дури и злобни кон вашите деца, но не е прифатливо да пцуете или да тепате други деца.

Автор: Нада Шакиќ



912

X