Опремувањето на бебешка соба е омилен дел на сите идни родители, особено на оние што стануваат родители првпат. Има премногу избори, во продавниците со бебешка опрема нема да знаете што да одберете, а сигурно ќе купите многу работи кои нема да ви бидат многу корисни, но „слатки се“ и „зошто да не ги имате“.

Сето ова е разумно и секој од нас поминал низ „трошење пари“ на непотребни работи. Сепак, многу е важно да знаете дека некои работи, колку и да изгледаат убаво и слатко, навистина не треба да плаќате пари за нив бидејќи не само што се бескорисни, туку можат да бидат и опасни.

Такви работи се дефинитивно балдахини и украсни постелнини за креветчето.

Иако изгледаат магично, особено во собите за девојчиња, балдахините се многу непотребна работа. Веднаш штом ќе се вратите дома со бебето, можете да забележите колку прашина има врз нив. Само замислете дека сте ставиле бебе во креветчето под нив, и дека треба да ги вдишува тие честички прашина во првите моменти.

Колку и да се грижите за хигиената, балдахините се собирачи на прашина која на вашите новородени бебиња воопшто не им е потребна, а освен естетска, немаат друга позитивна намена, а можат да предизвикаат и многубројни здравствени проблеми.

Покрај тоа, декоративната постелнина за креветчето е многу модерна и може да го заштити детето да не удри во креветот кога ќе почне да се врти и да се движи низ тој простор. Сепак, никогаш не треба да претерувате и никогаш да не ги затворате сите четири страни на креветчето, бидејќи на бебето му е потребен проток на воздух.

Внимавајте чаршафот да биде добро затегнат, душекот да биде цврст, бебето да нема ништо околу себе што може да го повлече преку лицето, но и не заборавајте дека на новороденчињата не им треба перница.

Несоодветната постелнина и пренатрупаното креветче може да предизвикаат задушување кај бебињата, затоа секогаш размислете два пати што купувате, бидејќи здравјето на детето е секако поважно од естетското.

Автор: Радмила Илиќ

Извор



912

X