Децата се најљубопитни суштества на планетата. Толку прашања може да ви постават, што на крајот од денот и понатаму во глава ви ѕвонат некои од нив. Иако тоа навистина знае да ги полуди родителите, поставувањето прашања е најдобриот начин детето да го запознае светот околу себе, но и себеси. Освен тоа, најдобар начин вие да го запознаете своето дете е да му поставувате некои интересни прашања.

Ако пред себе имате листа со забавни прашања, оние што поттикнуваат критичко размислување, ќе им помогнете на своите деца да бидат поснаодливи и самостојни. Исто така, ако детето се навикне да води интересен разговор со вас и одговара на вашите прашања, ќе имате помалку проблеми кога ќе биде тинејџер. Следуваат три групи прашања што може да ви бидат од корист и вам и на вашите малечки.

Забавни прашања за деца

Да можеш да бидеш невидлив еден ден, што би направил?

Што е најсмешното нешто што некогаш ти се случило во животот?

Кога би можел да бидеш јунак од цртан филм, кој би бил?

Да мораш да одбереш една намирница што би ја јадел цел ден, која би била таа?

Да можеш со мама/тато да се замениш на еден ден, што прво би направил?

Ако некој суперхерој може да ти биде вистински пријател, кој би бил тоа?

Дали повторно би бил бебе или возрасна личност?

Да се заглавиш во лифт, кои три работи би сакал да ги имаш покрај себе?

Да можеш да патуваш низ времето, дали би одел во минатото или иднината?

Прашања за подобро запознавање на детето

Да можеш да го промениш светот, како би го сторил тоа?
Да можеш да промениш нешто во својот живот, што би било тоа?

Како би ја креирал својата куќа од соништата?

Да си крал на еден ден, што би направил:

За што најчесто фантазираш?

Дали имаш некоја неостварена желба?

Кое правило би сакал да не постои во нашето семејство?

Што најмногу те загрижува?

Од што се плашиш?

Дали на некој пријател му завидуваш на нешто?

Која е твојата најсилна, а која најслаба алка?

Прашања за критичко размислување

Како би го поминувал времето да си роден во период кога немало телевизија, таблети и компјутери?

Што мислиш дека би се случило со планетата ако Сонцето се изгаси?

Што би направил ако некому дома му треба лекарска помош, а нема други возрасни во близина?

Дали е подобро да се помине време читајќи книга или гледајќи филм?

Што би направил ако твојот најдобар другар е малтретиран на училиште?

Што го сметаш за твој најголем квалитет?

Што би измислил за на некој друг да му го олесниш животот?

По што би сакал да бидеш познат?

Што мислиш дека им е тешко на децата, а лесно на возрасните?

Извор



912

X