Време е за вечера. Каде се децата?
Родители, дали ви е навика заедно да се собирате за вечера?
Истражувањата покажуваат дека собирите за вечера им помагаат на децата да ги подобрат социјалните вештини и навиките во јадењето. Американската академија за педијатрија забележала дека редовните семејни оброци би можеле да ги поттикнат адолесцентите да јадат овошје и зеленчук и се поврзани со помал ризик за појава на нарушувања во јадењето, особено кај девојчињата.
Но придобивките би можеле да бидат намалени ако сите ги користите телефоните. Затоа е важно да бидете максимално вклучени во разговорот. Експертите предлагаат да ги поставувате овие прашања:

1. Што интересно направи денес?
Додека прашањата што треба да ги поставите варираат во зависност од возраста на вашето дете, ова може да биде одличен почеток. Со тоа што вашето дете го споделува она што му се случувало во текот на денот, ја подобрува вашата врска. Децата што одат на училиште би било добро да ги прашате: -Кое беше најинтересното нешто што го научи денес?

2. За што размислуваш?
Обидете се да му покажете на вашето дете дека може да разговара со вас за што било и дека сте подготвени да учите. Експертите велат дека е важно децата да чувствуваат дека се сфатени и отворено да споделат што и да имаат на ум.

3. Со кого седеше денес на ручек?
Експертите потенцираат дека родителите треба да поставуваат прашања што не можат да бидат одговорени со да/не. Причината поради која треба да поставите специфично прашање е да откриете како му е на вашето дете. Децата и тинејџерите не сакаат да споделуваат детали од училиште, особено кога тие се вознемирувачки, засрамувачки или непријатни.

4. Сакаш да ти кажам за нешто лудо што ми се случи денес?
Можеби и не е толку лудо, а можеби не одговара прашањето, меѓутоа, важно е дека ќе споделите ваша приказна. Во текот на развојот децата се многу насочени кон себеси. Учењето да се грижат за другите започнува дома, но само ако им биде покажано како треба да се грижат за животот на другите.

5. За кои работи денес си благодарен/благодарна?
Во текот на вечерата треба да разговарате за идеи, вредности или принципи за кои верувате дека се важни да го учите вашето дете. Ова не е време да одржувате лекции, туку да станете љубопитни и да споделувате. Заедно со дискутирањето за вредностите треба да почнете да го учите детето и како да изразува благодарност.

6. Дали се најаде?
За многу малите деца алтернативното прашање е: – Што ти кажува мешето? Дали твоето меше е уште гладно или е среќно?
Не секој разговор во текот на вечерата треба да биде за вредности или идеи. Децата и возрасните може да имаат големи придобивки од обрнувањето внимание на внатрешни показатели, како чувството на глад.

7. Што те натера да се смееш?
Потребно е да сфатите како вашето дете се чувствува за вашиот живот. На тој начин ќе научите што тоа искусува во текот на денот, а не само што се случило. Детето мора да научи да ги сфаќа и да ги менаџира своите емоции низ интеракциите со родителите, наставниците и другите возрасни.

8. Дали имаш прашања за тоа што се случува на вестите?
Во оваа модерна ера децата и адолесцентите, исто како и возрасните, често се бомбардирани со повеќе информации отколку што можат да примат. Ова може да предизвика анксиозност и да поттикне прашања.

9. Што сакаш да правиш утре?
Вклучете го вашето дете во создавањето на плановите. Разговарајте за вашите семејни планови за одмор или што ќе правите во наредните 24 часа.

10. Што прават твоите пријатели/соученици?
Дали вашето дете се соочува со тешкотии на училиште? Разговорите за социјалната природна средина и сфаќањето и помагањето во потенцијални социјални ситуации е важно. Токму за време на овие оброци ќе слушнете за малтретирањето на училиште, расправиите, тепачките, пријателствата и групите.

11. Што правевте на часот по македонски, историја (или кој било друг предмет)?
Со ова прашање може да добиете увид во тоа како поминал училишниот ден на вашето дете. Очекувајте тоа да не сака да одговори на ова прашање, особено ако е адолесцент.

12. Што ти беше најголем успех во денот?
Овој разговор е добар начин да добиете увид во животот на вашето дете. Чувствувајте се слободни да разговарате и за тоа што ви бил вам најголемиот успех. Со тоа што ќе им раскажете приказна, ќе покажете дека сте еднакви, па така и тоа ќе сподели приказна со вас. Друго прашање што би можеле да го поставите е: – Дали си под стрес за што било?



912

X