Без разлика дали неодамна сте почнале да се состанувате со некого или сте создале врска, запознавањето на вашиот партнер е основно кога се работи за еволуција и развој на вашето партнерство. Поминувањето време заедно е одлично за да се поврзете, но сепак подобар начин е да разберете со кого сте во врска (или ќе се мажите/жените), преку поставување прашања. Не постојат премногу прашања што можете да ги поставите. Користете ги следните за да поттикнете дискусија која ќе ја задлабочи вашата врска:

1. Кога имаш лош ден, сакаш да те оставам насамо или да поминувам време со тебе и да те расположам?
2. Се сеќаваш ли на првото нешто што ми го кажа кога се запознавме?
3. Што ти е поважно, сексуалната хемија или поминувањето заедничко време?
4. Ако си убеден дека носам лоша одлука, што ќе направиш во врска со тоа?
5. Дали сакаш бебиња/колку деца би сакал да имаш некој ден?
6. Што сакаш да правиш во сабота навечер?
7. Што ти е омилено кај мене?
8. Среќен ли си со времето што го поминуваме заедно и одвоено?
9. Што според тебе може да ја расипе една врска?
10. Во колку луѓе си бил вљубен?
11. Ако имаш само уште еден ден од животот, што би направил?
12. Да можеш да го смениш животот со некого, кој би бил тоа?
13. Каде најмногу сакаш да одиш на одмор?
14. Што би направил ако добиеш 10 илјади долари?
15. Што најмногу ти се допаѓа кај мене?
16. Една работа која би ја сменил кај мене?
17. Со кого беше твојот прв бакнеж?
18. Како се чувствуваш за твоите поранешни партнери?
19. Што мислиш, кога е некој подготвен за брак?
20. Која е единствената работа што е најмногу важна за една врска да успее?

21. Што е за тебе изневерување?
23. Ако те изневерам, дали ќе ми простиш?
24. Како би се чувствувал ако заработувам повеќе од тебе?
25. Која е твојата најдива сексуална фантазија што би сакал да ја пробаш со мене?
26. Би се чувствувал несигурен ако поминувам многу време на работа?
27. Колку сексуални партнери си имал претходно?
28. Ако можеш да избереш кого било од светот, кого би избрал како твој гостин на вечера?
29. Би сакал ли да бидеш славен? На кој начин?
30. Што значи еден совршен ден за тебе?
31. Дали сакаш да поминуваш време со моето семејство и моите пријатели?
32. Колку често сметаш дека треба да комуницираме во текот на денот?
33. Колку често мислиш на мене?
34. Кога последен пат ме сонуваше?
35. Ако одиме да купиме маса за во кујната и на двајцата ни се допаѓа различна маса, како би направиле компромис?
36. Дали сметаш дека финансиите на еден пар треба да бидат одвоени или буџетот да биде заеднички?

37. Ако можеш да смениш што било во начинот на кој си бил воспитуван, што би било тоа?
38. Кој ти е омилен член на семејството?
39. Кога животот ти задава удар, како се справуваш со тоа?
40. Што прави да се чувствуваш најсакан?
41. Како се чувствуваш кога некој те прекинува?
42. Како сакаш да се однесуваат кон тебе кога си нерасположен или депримиран?
43. Чија смрт најмногу те погоди?
44. Дали би прифатил поинтересна работа, дури и ако има помала плата?
45. Кои се вознемирувачките навики на други парови што не ти се допаѓаат?
46. Дали би се откажал од социјалните медиуми или „Нетфликс“ во период од една година?
47. Што мислиш дека се случува откако умираме?
48. Како ја изразуваш својата креативност?
49. Кога би можел да работиш што било и да не се грижиш за пари, што би било тоа?
50. Што правиш кога те мачи несоница?

51. Кој беше твојот најдобар пријател од детството?
52. Каков е твојот однос со родителите?
53. Дали сакаш да си во центарот на вниманието, или повеќе сакаш да си во заднина?
54. Што е за тебе романтичен одмор?
55. Дали си уште пријател со некој од твоите поранешни партнери?
56. Кој е твојот најголем страв?
57. Која е твојата најголема предност и сила?
58. Кој е твојот омилен филм?
59. Која е твојата омилена книга?
60. Која е твојата омилена храна?
61. Која е твојата омилена боја?
62. Што правиш кога треба да имаш тежок разговор со некого?
63. Кое место во светот сакаш да го посетиш?
64. Кој е твојот скриен талент?
65. Кој ти беше омилениот предмет на училиште?
66. Кога нема ништо за јадење во фрижидерот, што правиш?
67. Колку е важна за тебе физичката хемија?
68. Кој е најдобриот подарок што може да ти го дадам?

69. Кој е главниот начин на кој покажуваш љубов?
70. Во дискусија, чија страна би ја зазел – мојата или на мајка ти?
71. Во една врска, што те усреќува повеќе, споделувањето или пожртвуваноста?
72. Би ме излажал за да ме усреќиш и каде за тебе е границата во врска со тоа?
73. Кој ти е омилен празник?
74. Каков родител мислиш дека ќе бидам?
75. Сметаш дека ги разбирам твоите чувства?
76. Која е твојата омилена активност на отворено?
77. Која беше твојот прв впечаток за мене?
78. Која е најлудата работа што би ја направил за мене?
79. Која љубовна песна најдобро ја опишува нашата врска?
80. Кое искуство најмногу го паметиш од нашата врска?
81. Што од нашата врска те прави среќен?
82. Кој е твојот најголем страв за нашата врска?

Автор: Бријен Хоган



912

X