Еден корисник на социјалната мрежа „Редит“, од родителите побара да ги откријат најкреативните казни што ги смисиле за своите деца, а многумина го исполнија неговото барање, потсетувајќи се и на казните што ги добивале како деца.

Еве неколку од најинтересните, од генијални до практични.

1. Ја изгубивме лопатата за снег, па родителите нѐ натераа да го чистиме снегот со лонци и саксии.

2. Еднаш случајно со играчката-пиштол пукнав покрај татко ми, а тој ме натера да го прочитам цел прирачник за безбедно ракување со оружје.

3. Секогаш кога ќе се расправавме со брат ми, родителите нѐ тераа да ја исчистиме целата кујна со послабата рака.

4. Најкреативната казна што ја добив беше кога татко ми ме седна на каучот и ми одржа тричасовно предавање за причините и последиците од Првата светска војна.

5. Обожавам да готвам и да печам, а мајка ми сака да ја чисти кујната. Еднаш готвев и ги оставив садовите неизмиени, па мајка ми го зеде шеќерот и брашното неколку недели, како казна.

6. Кога имав 15 години, се испијанив на една забава. Мајка ми мораше да ме земе и не рече ниту еден збор до дома. Ме разбуди рано наредниот ден, ми рече да седнам на масата, ми тури чаша текила, и ми рече: „Ако пиеш, пиј и со мене“. Самиот мирис веднаш ме натера на повраќање и оттогаш не се напив уште еднаш текила.

7. Мајка ми направи „тркало на среќата“ со казни. Кога ќе направеше некој нешто, го вртеше и мораше да ја прифатам таа казна што ќе се паднеше на тркалото.

Извор



912

X