Ченинг Тејтум целосно ја прифаќа улогата на татко на ќерка. Во интервју за магазинот „Родители“, во пресрет на промоцијата на неговата прва книга за деца „Една и единствена Спаркела“ (посветена на неговата ќерка Еверли), Тејтум признава дека на почетокот бил исплашен поради предизвиците што доаѓаат со родителството на девојче, но и затоа што се разделил од мајката на Еверли, Џена Дуван.

– Кога станав сингл татко, многу се плашев за поврзувањето со Еверли на начинот на кој малечко девојче сака. Немав лак за нокти, ниту знаев како да плетам коса. Но, сега ги правам и двете. Стапнувам со двете нозе во магичен свет и сум награден со таков вид љубов за која мислам дека не би ја доживеал на друг начин. Сакам татковците да не се плашат да влезат во светот на своите ќерки и да откријат кои се. Си го цртам лицето, се преправам, ретко сум дома без некој вид костим на мене – истакнал актерот.

фото извор:Instagram/Channing Tatum

За неговата книга, Тејтум вели дека протагонистот во неговата детска приказна ја претставува неговата ќерка на „толку многу начини“.

– Како и Спаркела, Еви сака да прави трикови, да носи луди костими и да биде различна од другите. Таа е смела, прекрасна и магична на секој начин. Игравме многу во нејзината соба за време на карантинот, па тоа ми помогна во освежувањето на приказната. Дури и кога сум дома сам, наоѓам нејзин предмет кој ми дава идеја – вели Ченинг.

Еден конкретен пример за тоа: „Еднаш седев на каучот, а нејзиното самовилско стапче ме боцна во задникот“, се потсетува таткото. Уште еден голем дел од нивниот однос е љубовта кон читањето. Тејтум вели дека тој и Еверли земаат по 5 сликовници за читање во текот на ноќта, кога се заедно, па се менуваат кој да чита. Во посветата во неговата книга тој напишал „За Еверли, најбрилијантното магично суштество што некогаш сум го запознал. Ти си мојот најголем учител“.

– Мојата единствена желба е да имам повеќе време во животот за да си играме во магичните царства што ги креираме. Ова е исто така и за сите татковци што имаат мали девојчиња… Носете што било, играјте како било и бидете магични колку што можете. Бидејќи ви ветувам, тие ќе ви ја вратат љубовта – вели актерот.

Автор: Џен Џуно

Извор



912

X