Воспитување

Познати мајки искрено зборуваат за мајчинството и што им е најтешко

Ако сте славна личност, јавноста очекува од вас да бидете совршени во сè, вклучително и во родителството. Секоја грешка што ја прават славните е видлива и често е критикувана од целиот свет. Три познати мајки не се срамат да ја покажат реалноста, па затоа искрено зборуваат за своите емоции и искуства во родителството, со цел да покажат дека поминуваат низ истите болки како и другите жени.

Бијонсе

На дивата ѝ се допаѓа приватноста и не споделува премногу детали за своето секојдневие со сопругот и трите деца. Меѓутоа, во интервју за „Ел“, таа признала дека е многу тешко да се балансира работата со приватниот живот. „Мислам дека најстресното нешто е да се постигне тој баланс. Да се ​​осигурам дека сум тука за моите деца, да ги оставам на училиште и да ги водам на активности, да најдам време да излезам со мојот сопруг и да вечерам дома со моето семејство додека, исто така, водењето бизнис е прилично тешко“, изјавила таа.

Ким Кардашијан

Реалити-ѕвездата има четири деца. Своите две најмали деца ги добила со помош на сурогат-мајка и не крие колку е тешко да не го носи сопственото дете. „Мислам дека е многу потешко да се помине низ тоа на овој начин бидејќи навистина немате контрола. Избирате некого на кого целосно му верувате и имате добри односи, но сепак е тешко, особено знаејќи дека јас бев во можност да ги носам првите две деца, а другите две не можев“, објаснила таа за „Ентертејмент тунајт“.

Карди Б

По раѓањето на ќерката, пејачката била шокирана од тоа колку е тешко да ја врати енергијата што ја имала претходно. Интензитетот на мајчинството ја изненадил. „Мислев дека шест недели ќе бидат доволни. Но, не, не можев да танцувам и да настапувам, не можев да изведам едноставна кореографија. Моето тело беше екстремно слабо многу подолго од еден и пол месец“, изјавила таа за магазинот „Вог“.

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top