Секој татко е најдобар за своите деца. Многу славни татковци се гордеат со нивната родителска улога. Познатите холивудски личности имаат и не толку едноставна задача да направат баланс помеѓу кариерата и секојдневните обврски и приватниот живот, односно нивното семејство. Многу од нив се доста добри во оваа улога, па затоа успеваат да им се посветат на своите деца и покрај бурниот начин на живот.
Издвојуваме 8 познати ѕвезди што уживаат во улогата на татко.
1. Двејн Џонсон
Пензионираниот актер и професионален борач обожава да поминува време со своите ќерки Симон, Јасмин Лиа и Тијана, а нивните секојдневни авантури често ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.
Неговата најстара ќерка тргна по неговите стапки и влезе во светот на борењето, што го прави особено среќен и ѝ дава целосна поддршка.
2. Џејсон Мамоа
Познатиот Аквамен е татко на две девојчиња и очув на уште една девојка – Зои Кравиц. И покрај многубројните обврски што ги има, актерот секогаш успева да им посвети внимание.
Понекогаш ја споредува улогата на татко со улогата на спортски тренер затоа што, како што вели, тој е тој што ги носи девојките во скејт-паркови, на качување, играње со лак и стрела и други активности. Најважно е што тој постојано се обидува да биде што е можно подобар и да учи од своите ќерки.
3. Џон Леџенд
Познатиот американски поп-пејач е татко на малата Луна и малиот Мајлс. Авантурите со своите малечки често ги споделува на социјалните мрежи, а одвреме-навреме ги носи на работа со себе.
4. Рики Мартин
Кралот на латино-поп музиката, Рики Мартин има четири деца – ќерка и три сина. Како што раскажува Рики Мартин, кога еден од синовите го прашал дали бил во неговиот стомак пред да се роди, Рики му рекол дека бил и ќе остане секогаш во неговото срце.
Тој вели дека неговите деца се негови најдобри критичари и дека секогаш ќе бидат на прво место во неговиот живот.
5. Џеф Голдблум
Можеби доцна се приклучи во клубот на татковците, но затоа е веќе професионалец кога станува збор за заспивање на децата во 19 часот. Актерот има два сина – Чарли Оушн и Ривер Џои.
6. Џаред Падалеки
Џаред и неговата сопруга имаат три деца: 8-годишниот Томас, 7-годишниот Остин и 3-годишната Одет. Иако во последните 15 години беше зафатен со работа на серијалот „Супеприродно“ и неодамна почна да работи на нова серија, Џаред секогаш наоѓа време за своите деца.
7. Рајан Филип
Рајан Филип и Рис Витерспун се разведоа, но тоа не влијаеше врз нивната врска со нивните деца – ќерката Ави и синот Декон. Поранешната двојка го дели старателството над децата, кои празниците ги поминуваат наизменично, еднаш со својата мајка и еднаш со својот татко.
8. Вил Смит
Треј, Џејден и Волиу, децата на познатиот актер, тргнаа по неговите стапки и полека ги градат своите кариери, без некој посебен третман бидејќи нивниот татко е актер. Вил вели дека целосно ги поддржува нивните одлуки и додава дека не мисли дека добрите оценки се единственото нешто што е важно.