Актерката Миа Фароу отворено проговорила за смртта на своите 3 деца. Нејзината тешка животна приказна медиумите често ја опишуваат како „проклетството на Миа Фароу“.

Сè започнало уште од нејзиното детство, а среќата не ја следела ниту во зрелите години. Да се потсетиме, славната актерка имала 4 биолошки деца со поранешниот сопруг Андре Превин, а фактот дека и самата имала тешко детство, ја натерал да посвои дури 10 деца. Исто така, пораснала во семејство со 7 браќа и сестри, со родители алкохоличари. На рана возраст ѝ починале двајца браќа, а третиот бил обвинет за сексуално злоупотребување на момчиња.


За жал, во текот на животот морала да се соочи и со смртта на 3 нејзини деца. Денес, 76-годишната актерка одлучила да се огласи на „Твитер“ за да одговори на злобните шпекулации кои почнале да се шират за смртта на нејзините деца.

„Како мајка на 14 деца, семејството ми значи сè“, почнала Фароу и додала дека и покрај тоа што таа е јавна личност, повеќето нејзини деца одлучиле да живеат многу повлечен живот. Фароу објаснила дека го одбира она што ќе го објави на социјалните мрежи, бидејќи се труди да ги почитува желбите на своите деца за да ја задржат својата приватност, но поради злобните шпекулации засновани на невистини во врска со нејзините три покојни посвоени деца, одлучила да проговори.

„Мојата сакана ќерка Там почина на 17 години од случајно предозирање со лекови кои се издаваат на рецепт, а ги користеше поради тешки мигрени кои ги трпеше и срцева болест“, истакнала Фароу.

фото извор:Twitter


Ларк, која починала во 2008 година, Фароу ја опишала како извонредна жена, прекрасна ќерка, сестра, партнерка и мајка. „Почина во 35-тата година од компликации предизвикани од ХИВ и СИДА, а ја зарази поранешниот партнер“, вели Миа. „И покрај својата болест, живееше богат живот полн со љубов со своите деца и долгогодишниот партнер. Подлегна на болеста и одненадеж почина во болница на Божиќ, во прегратката на својот партнер“.


Фароу открила и дека нејзиниот храбар син Тадеус си го одзел животот во 29-тата година од животот откако нагло ја прекинал врската.

„Тоа се неизречливи трагедии“, напишала Фароу во својата изјава и заклучила: „Која било друга шпекулација за нивната смрт е срамотење на нивниот живот и животот на нивните деца и сакани“.


Својата објава ја завршила со констатација дека е неизмерно благодарна што е мајка на 14 деца и баба на 16 внуци.

„Иако имаме тажни искуства, нашиот живот денес е полн со љубов и радост“, напишала Миа.

Извор



912

X