Познатата холивудска актерка Хилари Даф се фотографирала во домашна атмосфера покажувајќи го својот труднички стомак и искрено се пожали дека да си бремена, воопшто не е идилично.
Хилари го очекува своето второ дете од врската со пејачот Метју Ком, додека од првиот брак со хокеарот Мајкл Комри го има 6-годишниот син Лук.

 

Но, иако знаела што ја чека, бидејќи веќе поминала низ една бременост, актерката е прилично измачена.
– Градите ми се големи, стомакот ми е огромен, телото е големо. Бременоста е тешка.
Ова патување е тешко како самиот пекол, но истовремено е и посебно. Прекрасно е што имам мал живот во себе и што можам да фантазирам за сите авантури што нè очекуваат, но речиси е невозможно да си ги обујам сопствените чевли. Некогаш ми е тешко што морам да станувам по 9 пати во ноќта за да одам во веце, како и кога си го гледам во огледало моето тело, кое не е мое во овој момент. Жените се силни, со ова сакам да се потсетам себеси, а и другите жени колку сме силни и убави – напишала на „Инстаграм“ покрај фотографијата, на која е сликана без трошка шминка, а изгледа како и сите други бремени жени.

 



912

X