Игротека

Купила луксузен „мерцедес“ за својата 9-годишна ќерка

Бизнисменката Рокси Јаченко потрошила речиси 85.000 долари за луксузен „мерцедес“ што ѝ го подарила на својата 9-годишна ќерка Пикси. Иако девојчето сѐ уште не вози, таа се правда дека го избрала поради безбедност.

– Најважно ми е таа и нејзиниот брат Хантер сигурно да патуваат кога се возат на училиште, па затоа ѝ купив автомобил. Очигледно е дека таа не вози, но со оглед на бројот на смртни случаи на нашите патишта, ќе направам сѐ што можам. Ако тоа значи да се купи скап, но сигурен автомобил, тоа и ќе го направам – изјави таа иако родителите на социјалните мрежи ја нападнаа поради нејзиниот подарок.

– Сериозно? Купи автомобил за некој што долги години нема да вози? Те молам, речи дека се шегуваш – се само некои од коментарите на фотографијата од автомобилот.

– Како дете може да има автомобил? Не те осудувам, но се обидувам да разберам што ќе ѝ е автомобил на 9-годишно девојче – вели друг.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top