Бети Мидлер се најде на удар на критики поради нејзината порака до мајките што се жалат на недостиг на адаптирано млеко, што е голем проблем во САД.

– Обидете се да доите! Бесплатно е и достапно е на барање – напиша таа на нејзиниот твитер-профил.

Недостигот на адаптирано млеко за бебиња е проблем со кој се соочуваат родителите од минатата година поради прекини во синџирот на снабдување предизвикан од пандемијата, но ситуацијата неодамна се влоши откако адаптираното млеко од неколку големи производители беше повлечено од продажба поради здравствени проблеми.

Мајките и жените со недели зборуваат за тешкотиите со кои се соочуваат поради овој проблем, па изјавата на актерката предизвика бурни реакции.

– Бет, со почит, ова е лош потег. Имав близнаци. Немав доволно млеко за двајцата. Без адаптирано млеко, требаше да одберам кое дете да го нахранам. Да не зборуваме за децата што се одвоени од нивните мајки по породувањето од здравствени причини – возврати Илиз Хог, авторка и претседателка на организацијата „Прпоз“.

– Јас сум голем поборник за доење, но постојат десетина причини зошто мајките можеби не можат да дојат. А многу мајки посакуваат – изјави Али Бет Стаки, водителка на поткаст.

Мидлер подоцна се обиде да се оправда пишувајќи: – Не е срамота ако не можете да доите, но ако можете, а поради нешто сте уверени дека вашето млеко не е добро како „научно истражен производ“, тоа е нешто друго.

Извор



912

X